{"id":{"repo_id":"delcev","oai_identifier":"oai:eprints.ugd.edu.mk:12641"},"canonical_url":"https://search.ndltd.org/etd/delcev/oai:eprints.ugd.edu.mk:12641","repository":{"repo_id":"delcev","name":"University of Goce Delcev","base_url":"http://eprints.ugd.edu.mk/cgi/oai2"},"display":{"title":"Религиското образование во мултиетничките општества со осврт на македонското општество","abstract":"Докторската дисертација со наслов „Религиското образование во мултиетничките општества со осврт на македонското општество“ претставува систематична и длабинска анализа на религиското образование во светот и во Република Македонија. Во трудот се образложени и анализирани мноштво на актуелни теми поврзани со актуелизирањето, воведувањето, реализацијата, проблемите и придобивките од реализацијата на религиското образование. Преку едно компаративното проучување на религиското образование, овој докторски труд овозможува запознавање на народите, државите, културните традиции и нивното меѓусебно разбирање, како и извлекување на позитивните, па и негативните придобивки од реализацијата на религиското образование, а со тоа и искористување, подобрување и унапредување на моделот кој се применува кај нас. Во тезата се елаборирани моделите на религиско образование, карактеристични за некои од европските и балканските земји, тргнувајќи пред се, од мултиетничкиот и мултиконфесионален состав на самите држави, а посебен осврт е даден на ситуацијата и случувањата во областа на религиското образование во Република Македонија. Во рамките на изработката на трудот се користени повеќе научно истражувачки методи како што се: компаративниот метод (како доминантен), историскиот метод, со цел осознавање на појавата и развојот на религиското образование, и неговите специфики и осознавање на детерминантите коишто имаат пресудно значење за неговиот развој. Анализите на правните прописи и правни извори за регулирање на оваа проблематика се вршеа со примена на аналитичко-синтетичкиот метод, а сумирањето на резултатите на целокупното истражување и научната анализа се вршеше со помош на дијалектичкиот метод. И сето ова во насока на изготвување на модел на религиско образование соодветен на нашите услови и насочен кон јакнењето на заедничкиот живот, односно толерантноста во рамките на мултикултурната и мултиконфесионалната заедница, какво што е македонското општество. Во понатамашниот дел е преставена и анализирана актуелната етничка и религиска карта во светот, претсавувајќи го односот на новите и стари малцинства. Анализирањето на миграциските процеси, дава една целовита слика од случувањата и движењата на населението во светот, нивното мешање, воспоставувањето на комплексни односи помеѓу нив, настанување на нови и мешање на старите етнички, културни, јазични, верски заедници итн., за да се стекне увид во процесот на создавање на мултиетнички, мултиконфесионални општества, како и начинот на којшто тие функционираат. Анализирајќи ги одделно контекстите на овие мулти-држави, одблизу во докторскиот труд се претставени моделите што тие ги користат за реализација на религиското образование. Од анализата воочена е потребата од нов концепт на секуларизам кој се одразува во мултикултурни и мултирелигиозни општества, концепт каде што поделбата меѓу државата и црквата овозможува религијата да влијае не само на приватниот живот, но, исто така, и на јавниот живот. Религијата не е само приватна работа, но , исто така, влијае на јавната дебата. Од овде произлегува и потребата од еден нов вид на демократија: плуралната демократија, која не би се базирала на премолчена културна сличност, туку на признавање, отворање и прифаќање на идејата на различноста. Главните предизвици за современите демократии во Европа се да се признаат и да се вклучат културните разлики. Толеранцијата и почитувањето на секоја религија е почетна точка за ова. Образованието и медиумите ја играат можеби и најважната улога во обликувањето на перцепциите за религијата. Со оглед на сложеноста на самата тема, докторскиот труд дава осврт и на дилемите околу моделот и реализацијата на религиското образование, третирајќи можеби еден поширок дидактичко-методички проблем, тргнувајќи од воведувањето на религиското образование низ една историска призма, разликите помеѓу религиското образование во училиштата и надвор од него, видовите на религиско образование, просторот на религиското образование во курикулумот, неговата релевантност со наставната програма, со современите проблеми во плуралистичките општества, релевантноста на религиското образование за поединецот-ученикот, знаења, вештини, вредности кои треба да се развијат преку програмата на религиското образование, условите и средината за реализирање на наставната програма по религиското образование, наставните стратегии и ресурси кои можат да се користат при неговата реализација, како и тоа кои се реализатори на наставата и каква стручна оспособеност поседуваат тие. Пристапувајќи кон една поопсежна анализа на етничкиот состав, општествено-политчкиот контекст и начинот на кој се вовело и реализира религиското образование со сите негови позитивни па и негативни последици во земјите од: новиот свет (Австралија, Нов Зеланд, Канада, САД), европските земји ( Белгија, Франција, Холандија, Германија, Унгарија, Швајцарија, Велика Британија, Естонија), балканските земји ( Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Србија) и Република Македонија. Трудот придонесува да се воочат постоечките модели и нивните предности и слабости, како и согледување на сопствените грешки во однос на актуелизирањето, прифаќањето, адптирањето и реализирањето на религиското образование на наши услови. Овој труд предочува како Македонија за нејзини услови и стандарди да избере еден од подобрите модели за религиско образование, во време кога македонското општество е поделено етнички, културно, конфесионално. Клучни зборови: религиско образование, мултиетничност, мултиконфесионалност, мултикултурализам, плурална демократија, толеранција, политики на интегрирање.","abstract_html":"Докторската дисертација со наслов „Религиското образование во мултиетничките општества со осврт на македонското општество“ претставува систематична и длабинска анализа на религиското образование во светот и во Република Македонија. Во трудот се образложени и анализирани мноштво на актуелни теми поврзани со актуелизирањето, воведувањето, реализацијата, проблемите и придобивките од реализацијата на религиското образование. Преку едно компаративното проучување на религиското образование, овој докторски труд овозможува запознавање на народите, државите, културните традиции и нивното меѓусебно разбирање, како и извлекување на позитивните, па и негативните придобивки од реализацијата на религиското образование, а со тоа и искористување, подобрување и унапредување на моделот кој се применува кај нас. Во тезата се елаборирани моделите на религиско образование, карактеристични за некои од европските и балканските земји, тргнувајќи пред се, од мултиетничкиот и мултиконфесионален состав на самите држави, а посебен осврт е даден на ситуацијата и случувањата во областа на религиското образование во Република Македонија. Во рамките на изработката на трудот се користени повеќе научно истражувачки методи како што се: компаративниот метод (како доминантен), историскиот метод, со цел осознавање на појавата и развојот на религиското образование, и неговите специфики и осознавање на детерминантите коишто имаат пресудно значење за неговиот развој. Анализите на правните прописи и правни извори за регулирање на оваа проблематика се вршеа со примена на аналитичко-синтетичкиот метод, а сумирањето на резултатите на целокупното истражување и научната анализа се вршеше со помош на дијалектичкиот метод. И сето ова во насока на изготвување на модел на религиско образование соодветен на нашите услови и насочен кон јакнењето на заедничкиот живот, односно толерантноста во рамките на мултикултурната и мултиконфесионалната заедница, какво што е македонското општество. Во понатамашниот дел е преставена и анализирана актуелната етничка и религиска карта во светот, претсавувајќи го односот на новите и стари малцинства. Анализирањето на миграциските процеси, дава една целовита слика од случувањата и движењата на населението во светот, нивното мешање, воспоставувањето на комплексни односи помеѓу нив, настанување на нови и мешање на старите етнички, културни, јазични, верски заедници итн., за да се стекне увид во процесот на создавање на мултиетнички, мултиконфесионални општества, како и начинот на којшто тие функционираат. Анализирајќи ги одделно контекстите на овие мулти-држави, одблизу во докторскиот труд се претставени моделите што тие ги користат за реализација на религиското образование. Од анализата воочена е потребата од нов концепт на секуларизам кој се одразува во мултикултурни и мултирелигиозни општества, концепт каде што поделбата меѓу државата и црквата овозможува религијата да влијае не само на приватниот живот, но, исто така, и на јавниот живот. Религијата не е само приватна работа, но , исто така, влијае на јавната дебата. Од овде произлегува и потребата од еден нов вид на демократија: плуралната демократија, која не би се базирала на премолчена културна сличност, туку на признавање, отворање и прифаќање на идејата на различноста. Главните предизвици за современите демократии во Европа се да се признаат и да се вклучат културните разлики. Толеранцијата и почитувањето на секоја религија е почетна точка за ова. Образованието и медиумите ја играат можеби и најважната улога во обликувањето на перцепциите за религијата. Со оглед на сложеноста на самата тема, докторскиот труд дава осврт и на дилемите околу моделот и реализацијата на религиското образование, третирајќи можеби еден поширок дидактичко-методички проблем, тргнувајќи од воведувањето на религиското образование низ една историска призма, разликите помеѓу религиското образование во училиштата и надвор од него, видовите на религиско образование, просторот на религиското образование во курикулумот, неговата релевантност со наставната програма, со современите проблеми во плуралистичките општества, релевантноста на религиското образование за поединецот-ученикот, знаења, вештини, вредности кои треба да се развијат преку програмата на религиското образование, условите и средината за реализирање на наставната програма по религиското образование, наставните стратегии и ресурси кои можат да се користат при неговата реализација, како и тоа кои се реализатори на наставата и каква стручна оспособеност поседуваат тие. Пристапувајќи кон една поопсежна анализа на етничкиот состав, општествено-политчкиот контекст и начинот на кој се вовело и реализира религиското образование со сите негови позитивни па и негативни последици во земјите од: новиот свет (Австралија, Нов Зеланд, Канада, САД), европските земји ( Белгија, Франција, Холандија, Германија, Унгарија, Швајцарија, Велика Британија, Естонија), балканските земји ( Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Србија) и Република Македонија. Трудот придонесува да се воочат постоечките модели и нивните предности и слабости, како и согледување на сопствените грешки во однос на актуелизирањето, прифаќањето, адптирањето и реализирањето на религиското образование на наши услови. Овој труд предочува како Македонија за нејзини услови и стандарди да избере еден од подобрите модели за религиско образование, во време кога македонското општество е поделено етнички, културно, конфесионално. Клучни зборови: религиско образование, мултиетничност, мултиконфесионалност, мултикултурализам, плурална демократија, толеранција, политики на интегрирање.","abstract_has_math":false,"creators":["Koceva, Daniela"],"institution":"Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Филозофски факултет","degree_name":"phd","degree_level":"doctoral","degree_discipline":null,"degree_department":null,"school":null,"contributors":[],"advisors":[],"committee_chairs":[],"committee_members":[],"year":2014,"date_issued":"2014-09","date_published":"2014-09","updated_at":"2026-11-26T13:48:53Z","subjects":["Sociology"],"languages":["en"],"rights":[],"rights_urls":[],"identifier_entries":[],"person_identifier_entries":[]},"links":{"outbound_url":"https://eprints.ugd.edu.mk/12641/","outbound_label":"Repository record","outbound_source":"dc:identifier.uri","record_url":"https://eprints.ugd.edu.mk/12641/","record_label":"Repository record","record_kind":"record","record_source":"dc:identifier.uri","access_status":null,"embargo_until":null,"access_note":null},"oai_pmh_record":{"url":"https://union.ndltd.org/oai-pmh/?verb=GetRecord&metadataPrefix=oai_dc&identifier=oai%3Aunion.ndltd.org%3Arepo%3Adelcev%3Aoai%3Aeprints.ugd.edu.mk%3A12641","prefix":"oai_dc"},"source_record":{"url":"http://eprints.ugd.edu.mk/cgi/oai2?verb=GetRecord&metadataPrefix=uketd_dc&identifier=oai%3Aeprints.ugd.edu.mk%3A12641","prefix":"uketd_dc"},"metadata_groups":[{"id":"people","label":"People","entries":[{"key":"dc:creator","label":"Author","values":["Koceva, Daniela"]}]},{"id":"academic_context","label":"Academic Context","entries":[{"key":"dc:date","label":"Dc Date","values":["2014-09-29"]},{"key":"dc:date.issued","label":"Date","values":["2014-09"]},{"key":"dc:publisher.department","label":"Dc Publisher Department","values":["Институт за социологија"]},{"key":"dc:publisher.institution","label":"Dc Publisher Institution","values":["Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Филозофски факултет"]},{"key":"dc:type","label":"Dc Type","values":["Thesis"]},{"key":"dc:type.qualificationlevel","label":"Dc Type Qualificationlevel","values":["doctoral"]},{"key":"dc:type.qualificationname","label":"Dc Type Qualificationname","values":["phd"]}]},{"id":"subjects_keywords","label":"Subjects and Keywords","entries":[{"key":"dc:subject","label":"Dc Subject","values":["Sociology"]}]},{"id":"language_rights","label":"Language and Rights","entries":[{"key":"dc:language","label":"Dc Language","values":["en"]}]},{"id":"identifiers","label":"Identifiers","entries":[{"key":"dc:identifier.uri","label":"Identifier URI","values":["https://eprints.ugd.edu.mk/12641/"]}]},{"id":"additional","label":"Additional Metadata","entries":[{"key":"dc:description.abstract","label":"Abstract","values":["Докторската дисертација со наслов „Религиското образование во мултиетничките општества со осврт на македонското општество“ претставува систематична и длабинска анализа на религиското образование во светот и во Република Македонија. Во трудот се образложени и анализирани мноштво на актуелни теми поврзани со актуелизирањето, воведувањето, реализацијата, проблемите и придобивките од реализацијата на религиското образование. Преку едно компаративното проучување на религиското образование, овој докторски труд овозможува запознавање на народите, државите, културните традиции и нивното меѓусебно разбирање, како и извлекување на позитивните, па и негативните придобивки од реализацијата на религиското образование, а со тоа и искористување, подобрување и унапредување на моделот кој се применува кај нас. Во тезата се елаборирани моделите на религиско образование, карактеристични за некои од европските и балканските земји, тргнувајќи пред се, од мултиетничкиот и мултиконфесионален состав на самите држави, а посебен осврт е даден на ситуацијата и случувањата во областа на религиското образование во Република Македонија. Во рамките на изработката на трудот се користени повеќе научно истражувачки методи како што се: компаративниот метод (како доминантен), историскиот метод, со цел осознавање на појавата и развојот на религиското образование, и неговите специфики и осознавање на детерминантите коишто имаат пресудно значење за неговиот развој. Анализите на правните прописи и правни извори за регулирање на оваа проблематика се вршеа со примена на аналитичко-синтетичкиот метод, а сумирањето на резултатите на целокупното истражување и научната анализа се вршеше со помош на дијалектичкиот метод. И сето ова во насока на изготвување на модел на религиско образование соодветен на нашите услови и насочен кон јакнењето на заедничкиот живот, односно толерантноста во рамките на мултикултурната и мултиконфесионалната заедница, какво што е македонското општество. Во понатамашниот дел е преставена и анализирана актуелната етничка и религиска карта во светот, претсавувајќи го односот на новите и стари малцинства. Анализирањето на миграциските процеси, дава една целовита слика од случувањата и движењата на населението во светот, нивното мешање, воспоставувањето на комплексни односи помеѓу нив, настанување на нови и мешање на старите етнички, културни, јазични, верски заедници итн., за да се стекне увид во процесот на создавање на мултиетнички, мултиконфесионални општества, како и начинот на којшто тие функционираат. Анализирајќи ги одделно контекстите на овие мулти-држави, одблизу во докторскиот труд се претставени моделите што тие ги користат за реализација на религиското образование. Од анализата воочена е потребата од нов концепт на секуларизам кој се одразува во мултикултурни и мултирелигиозни општества, концепт каде што поделбата меѓу државата и црквата овозможува религијата да влијае не само на приватниот живот, но, исто така, и на јавниот живот. Религијата не е само приватна работа, но , исто така, влијае на јавната дебата. Од овде произлегува и потребата од еден нов вид на демократија: плуралната демократија, која не би се базирала на премолчена културна сличност, туку на признавање, отворање и прифаќање на идејата на различноста. Главните предизвици за современите демократии во Европа се да се признаат и да се вклучат културните разлики. Толеранцијата и почитувањето на секоја религија е почетна точка за ова. Образованието и медиумите ја играат можеби и најважната улога во обликувањето на перцепциите за религијата. Со оглед на сложеноста на самата тема, докторскиот труд дава осврт и на дилемите околу моделот и реализацијата на религиското образование, третирајќи можеби еден поширок дидактичко-методички проблем, тргнувајќи од воведувањето на религиското образование низ една историска призма, разликите помеѓу религиското образование во училиштата и надвор од него, видовите на религиско образование, просторот на религиското образование во курикулумот, неговата релевантност со наставната програма, со современите проблеми во плуралистичките општества, релевантноста на религиското образование за поединецот-ученикот, знаења, вештини, вредности кои треба да се развијат преку програмата на религиското образование, условите и средината за реализирање на наставната програма по религиското образование, наставните стратегии и ресурси кои можат да се користат при неговата реализација, како и тоа кои се реализатори на наставата и каква стручна оспособеност поседуваат тие. Пристапувајќи кон една поопсежна анализа на етничкиот состав, општествено-политчкиот контекст и начинот на кој се вовело и реализира религиското образование со сите негови позитивни па и негативни последици во земјите од: новиот свет (Австралија, Нов Зеланд, Канада, САД), европските земји ( Белгија, Франција, Холандија, Германија, Унгарија, Швајцарија, Велика Британија, Естонија), балканските земји ( Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Србија) и Република Македонија. Трудот придонесува да се воочат постоечките модели и нивните предности и слабости, како и согледување на сопствените грешки во однос на актуелизирањето, прифаќањето, адптирањето и реализирањето на религиското образование на наши услови. Овој труд предочува како Македонија за нејзини услови и стандарди да избере еден од подобрите модели за религиско образование, во време кога македонското општество е поделено етнички, културно, конфесионално. Клучни зборови: религиско образование, мултиетничност, мултиконфесионалност, мултикултурализам, плурална демократија, толеранција, политики на интегрирање."]},{"key":"dc:format","label":"Dc Format","values":["text"]},{"key":"dcterms:accessrights","label":"Dcterms Accessrights","values":["public"]},{"key":"dc:title","label":"Title","values":["Религиското образование во мултиетничките општества со осврт на македонското општество"]}]}],"canonical_facts":{"dc:creator":["Koceva, Daniela"],"dc:date":["2014-09-29"],"dc:date.issued":["2014-09"],"dc:description.abstract":["Докторската дисертација со наслов „Религиското образование во мултиетничките општества со осврт на македонското општество“ претставува систематична и длабинска анализа на религиското образование во светот и во Република Македонија. Во трудот се образложени и анализирани мноштво на актуелни теми поврзани со актуелизирањето, воведувањето, реализацијата, проблемите и придобивките од реализацијата на религиското образование. Преку едно компаративното проучување на религиското образование, овој докторски труд овозможува запознавање на народите, државите, културните традиции и нивното меѓусебно разбирање, како и извлекување на позитивните, па и негативните придобивки од реализацијата на религиското образование, а со тоа и искористување, подобрување и унапредување на моделот кој се применува кај нас. Во тезата се елаборирани моделите на религиско образование, карактеристични за некои од европските и балканските земји, тргнувајќи пред се, од мултиетничкиот и мултиконфесионален состав на самите држави, а посебен осврт е даден на ситуацијата и случувањата во областа на религиското образование во Република Македонија. Во рамките на изработката на трудот се користени повеќе научно истражувачки методи како што се: компаративниот метод (како доминантен), историскиот метод, со цел осознавање на појавата и развојот на религиското образование, и неговите специфики и осознавање на детерминантите коишто имаат пресудно значење за неговиот развој. Анализите на правните прописи и правни извори за регулирање на оваа проблематика се вршеа со примена на аналитичко-синтетичкиот метод, а сумирањето на резултатите на целокупното истражување и научната анализа се вршеше со помош на дијалектичкиот метод. И сето ова во насока на изготвување на модел на религиско образование соодветен на нашите услови и насочен кон јакнењето на заедничкиот живот, односно толерантноста во рамките на мултикултурната и мултиконфесионалната заедница, какво што е македонското општество. Во понатамашниот дел е преставена и анализирана актуелната етничка и религиска карта во светот, претсавувајќи го односот на новите и стари малцинства. Анализирањето на миграциските процеси, дава една целовита слика од случувањата и движењата на населението во светот, нивното мешање, воспоставувањето на комплексни односи помеѓу нив, настанување на нови и мешање на старите етнички, културни, јазични, верски заедници итн., за да се стекне увид во процесот на создавање на мултиетнички, мултиконфесионални општества, како и начинот на којшто тие функционираат. Анализирајќи ги одделно контекстите на овие мулти-држави, одблизу во докторскиот труд се претставени моделите што тие ги користат за реализација на религиското образование. Од анализата воочена е потребата од нов концепт на секуларизам кој се одразува во мултикултурни и мултирелигиозни општества, концепт каде што поделбата меѓу државата и црквата овозможува религијата да влијае не само на приватниот живот, но, исто така, и на јавниот живот. Религијата не е само приватна работа, но , исто така, влијае на јавната дебата. Од овде произлегува и потребата од еден нов вид на демократија: плуралната демократија, која не би се базирала на премолчена културна сличност, туку на признавање, отворање и прифаќање на идејата на различноста. Главните предизвици за современите демократии во Европа се да се признаат и да се вклучат културните разлики. Толеранцијата и почитувањето на секоја религија е почетна точка за ова. Образованието и медиумите ја играат можеби и најважната улога во обликувањето на перцепциите за религијата. Со оглед на сложеноста на самата тема, докторскиот труд дава осврт и на дилемите околу моделот и реализацијата на религиското образование, третирајќи можеби еден поширок дидактичко-методички проблем, тргнувајќи од воведувањето на религиското образование низ една историска призма, разликите помеѓу религиското образование во училиштата и надвор од него, видовите на религиско образование, просторот на религиското образование во курикулумот, неговата релевантност со наставната програма, со современите проблеми во плуралистичките општества, релевантноста на религиското образование за поединецот-ученикот, знаења, вештини, вредности кои треба да се развијат преку програмата на религиското образование, условите и средината за реализирање на наставната програма по религиското образование, наставните стратегии и ресурси кои можат да се користат при неговата реализација, како и тоа кои се реализатори на наставата и каква стручна оспособеност поседуваат тие. Пристапувајќи кон една поопсежна анализа на етничкиот состав, општествено-политчкиот контекст и начинот на кој се вовело и реализира религиското образование со сите негови позитивни па и негативни последици во земјите од: новиот свет (Австралија, Нов Зеланд, Канада, САД), европските земји ( Белгија, Франција, Холандија, Германија, Унгарија, Швајцарија, Велика Британија, Естонија), балканските земји ( Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Србија) и Република Македонија. Трудот придонесува да се воочат постоечките модели и нивните предности и слабости, како и согледување на сопствените грешки во однос на актуелизирањето, прифаќањето, адптирањето и реализирањето на религиското образование на наши услови. Овој труд предочува како Македонија за нејзини услови и стандарди да избере еден од подобрите модели за религиско образование, во време кога македонското општество е поделено етнички, културно, конфесионално. Клучни зборови: религиско образование, мултиетничност, мултиконфесионалност, мултикултурализам, плурална демократија, толеранција, политики на интегрирање."],"dc:format":["text"],"dc:identifier.uri":["https://eprints.ugd.edu.mk/12641/"],"dc:language":["en"],"dc:publisher.department":["Институт за социологија"],"dc:publisher.institution":["Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Филозофски факултет"],"dc:subject":["Sociology"],"dcterms:accessrights":["public"],"dc:title":["Религиското образование во мултиетничките општества со осврт на македонското општество"],"dc:type":["Thesis"],"dc:type.qualificationlevel":["doctoral"],"dc:type.qualificationname":["phd"]},"updated_at":"2026-11-26T13:48:53Z"}