{"id":{"repo_id":"delcev","oai_identifier":"oai:eprints.ugd.edu.mk:16282"},"canonical_url":"https://search.ndltd.org/etd/delcev/oai:eprints.ugd.edu.mk:16282","repository":{"repo_id":"delcev","name":"University of Goce Delcev","base_url":"http://eprints.ugd.edu.mk/cgi/oai2"},"display":{"title":"Карактеристики на семето од различни хибриди на сончоглед во услови без наводнување","abstract":"Целта на овој труд е да се проучи влијанието на агроеколошките услови врз хибридите сончоглед кои се одгледуваат во централниот дел на источна Македонија на локацијата во Свети Николе, во текот на 2013 и 2014 година, во однос на приносот на зрното, масата на 1000 зрна, односот лушпа/јадро, содржината на масло, содржината на олеинска киселина и приносот на масло. Истражувањата се вршени на 25 видови маслени хибриди сончоглед. Највисок принос на зрно е добиен во текот на 2014 година од хибридот NLK12M144, 4 594 kg/hа. Во однос на масата на 1000 зрна, хибридот NLK12M144 во текот на двете години од истражувањата се истакнува со најниска вредност. Со скоро идентични високи вредности на маса на 1000 зрна во целокупниот период на истражување (2013 и 2014 год.) се истакнува хибридот PR64LE19, со 91,4 g и 91,3 g, соодветно. Просечната вредност за односот лушпа/јадро добиена во периодот на испитувањето (2013 и 2014) изнесува 0,28 %. Во услови на поголема количина на врнежи и пониски температури во текот на 2014 година со највисока содржина на масло се истакнува хибридот NSN12067 (51,1 %). Во 2013 во услови со помала количина на врнежи и повисоки температури, со највисока содржина на масло се истакнува хибридот NLK12M144 (49,4 %). Просечната содржина на масло во периодот на испитување кај сите хибриди сончоглед изнесува 45,7%. Во однос на содржината на олеинска киселина, како високо олеински тип на хибрид сончоглед се истакнува NLK12S074 со 86.6% и 88.0% олеинска киселина во секоја година, 2013 и 2014, соодветно. Во просек, испитуваните хибриди (вкупно 25) во текот на двете експериментални години спаѓаат во групата на средно олеински тип хибриди со просечна вредност од 62.67 % олеинска киселина. Со највисок принос на масло во целокупниот период на истражување се истакнува хибридот NLK12M144 со 1 034.22 kg/ha (за 2013 год.) и 2 237.45 kg/ha (за 2014 год.). Хибридот NLK12M144 се карактеризира и со најголем принос на масло, особено во 2014 год., година со повеќе изразени врнежи и пониски температури.Со кластер анализа е извршено групирање на примероците во пет групи по сличност врз основа на приносот на зрно и компонентите на принос со цел обезбедување прецизна слика за особините на хибридите кои се разгледуваат. Со анализата на главни компоненти (PCA), се издвојуваат хибридите NLK12M006, NLN12N007 и NLN12N010 DMR. Клучни зборови: хибриди сончоглед, карактеристики, принос на зрно, принос на маса, масло, олеинска киселина.","abstract_html":"Целта на овој труд е да се проучи влијанието на агроеколошките услови врз хибридите сончоглед кои се одгледуваат во централниот дел на источна Македонија на локацијата во Свети Николе, во текот на 2013 и 2014 година, во однос на приносот на зрното, масата на 1000 зрна, односот лушпа/јадро, содржината на масло, содржината на олеинска киселина и приносот на масло. Истражувањата се вршени на 25 видови маслени хибриди сончоглед. Највисок принос на зрно е добиен во текот на 2014 година од хибридот NLK12M144, 4 594 kg/hа. Во однос на масата на 1000 зрна, хибридот NLK12M144 во текот на двете години од истражувањата се истакнува со најниска вредност. Со скоро идентични високи вредности на маса на 1000 зрна во целокупниот период на истражување (2013 и 2014 год.) се истакнува хибридот PR64LE19, со 91,4 g и 91,3 g, соодветно. Просечната вредност за односот лушпа/јадро добиена во периодот на испитувањето (2013 и 2014) изнесува 0,28 %. Во услови на поголема количина на врнежи и пониски температури во текот на 2014 година со највисока содржина на масло се истакнува хибридот NSN12067 (51,1 %). Во 2013 во услови со помала количина на врнежи и повисоки температури, со највисока содржина на масло се истакнува хибридот NLK12M144 (49,4 %). Просечната содржина на масло во периодот на испитување кај сите хибриди сончоглед изнесува 45,7%. Во однос на содржината на олеинска киселина, како високо олеински тип на хибрид сончоглед се истакнува NLK12S074 со 86.6% и 88.0% олеинска киселина во секоја година, 2013 и 2014, соодветно. Во просек, испитуваните хибриди (вкупно 25) во текот на двете експериментални години спаѓаат во групата на средно олеински тип хибриди со просечна вредност од 62.67 % олеинска киселина. Со највисок принос на масло во целокупниот период на истражување се истакнува хибридот NLK12M144 со 1 034.22 kg/ha (за 2013 год.) и 2 237.45 kg/ha (за 2014 год.). Хибридот NLK12M144 се карактеризира и со најголем принос на масло, особено во 2014 год., година со повеќе изразени врнежи и пониски температури.Со кластер анализа е извршено групирање на примероците во пет групи по сличност врз основа на приносот на зрно и компонентите на принос со цел обезбедување прецизна слика за особините на хибридите кои се разгледуваат. Со анализата на главни компоненти (PCA), се издвојуваат хибридите NLK12M006, NLN12N007 и NLN12N010 DMR. Клучни зборови: хибриди сончоглед, карактеристики, принос на зрно, принос на маса, масло, олеинска киселина.","abstract_has_math":false,"creators":["Gorgieva, Biljana"],"institution":"Goce Delcev University Stip","degree_name":null,"degree_level":"masters","degree_discipline":null,"degree_department":null,"school":null,"contributors":[],"advisors":[],"committee_chairs":[],"committee_members":[],"year":2016,"date_issued":"2016-09","date_published":"2016-09","updated_at":"2026-11-26T13:48:58Z","subjects":["Animal and dairy science"],"languages":["en"],"rights":[],"rights_urls":[],"identifier_entries":[],"person_identifier_entries":[]},"links":{"outbound_url":"https://eprints.ugd.edu.mk/16282/","outbound_label":"Repository record","outbound_source":"dc:identifier.uri","record_url":"https://eprints.ugd.edu.mk/16282/","record_label":"Repository record","record_kind":"record","record_source":"dc:identifier.uri","access_status":null,"embargo_until":null,"access_note":null},"oai_pmh_record":{"url":"https://union.ndltd.org/oai-pmh/?verb=GetRecord&metadataPrefix=oai_dc&identifier=oai%3Aunion.ndltd.org%3Arepo%3Adelcev%3Aoai%3Aeprints.ugd.edu.mk%3A16282","prefix":"oai_dc"},"source_record":{"url":"http://eprints.ugd.edu.mk/cgi/oai2?verb=GetRecord&metadataPrefix=uketd_dc&identifier=oai%3Aeprints.ugd.edu.mk%3A16282","prefix":"uketd_dc"},"metadata_groups":[{"id":"people","label":"People","entries":[{"key":"dc:creator","label":"Author","values":["Gorgieva, Biljana"]}]},{"id":"academic_context","label":"Academic Context","entries":[{"key":"dc:date","label":"Dc Date","values":["2016-09"]},{"key":"dc:date.issued","label":"Date","values":["2016-09"]},{"key":"dc:publisher.department","label":"Dc Publisher Department","values":["Faculty of Agriculture"]},{"key":"dc:publisher.institution","label":"Dc Publisher Institution","values":["Goce Delcev University Stip"]},{"key":"dc:type","label":"Dc Type","values":["Thesis"]},{"key":"dc:type.qualificationlevel","label":"Dc Type Qualificationlevel","values":["masters"]}]},{"id":"subjects_keywords","label":"Subjects and Keywords","entries":[{"key":"dc:subject","label":"Dc Subject","values":["Animal and dairy science"]}]},{"id":"language_rights","label":"Language and Rights","entries":[{"key":"dc:language","label":"Dc Language","values":["en"]}]},{"id":"identifiers","label":"Identifiers","entries":[{"key":"dc:identifier.uri","label":"Identifier URI","values":["https://eprints.ugd.edu.mk/16282/"]}]},{"id":"additional","label":"Additional Metadata","entries":[{"key":"dc:description.abstract","label":"Abstract","values":["Целта на овој труд е да се проучи влијанието на агроеколошките услови врз хибридите сончоглед кои се одгледуваат во централниот дел на источна Македонија на локацијата во Свети Николе, во текот на 2013 и 2014 година, во однос на приносот на зрното, масата на 1000 зрна, односот лушпа/јадро, содржината на масло, содржината на олеинска киселина и приносот на масло. Истражувањата се вршени на 25 видови маслени хибриди сончоглед. Највисок принос на зрно е добиен во текот на 2014 година од хибридот NLK12M144, 4 594 kg/hа. Во однос на масата на 1000 зрна, хибридот NLK12M144 во текот на двете години од истражувањата се истакнува со најниска вредност. Со скоро идентични високи вредности на маса на 1000 зрна во целокупниот период на истражување (2013 и 2014 год.) се истакнува хибридот PR64LE19, со 91,4 g и 91,3 g, соодветно. Просечната вредност за односот лушпа/јадро добиена во периодот на испитувањето (2013 и 2014) изнесува 0,28 %. Во услови на поголема количина на врнежи и пониски температури во текот на 2014 година со највисока содржина на масло се истакнува хибридот NSN12067 (51,1 %). Во 2013 во услови со помала количина на врнежи и повисоки температури, со највисока содржина на масло се истакнува хибридот NLK12M144 (49,4 %). Просечната содржина на масло во периодот на испитување кај сите хибриди сончоглед изнесува 45,7%. Во однос на содржината на олеинска киселина, како високо олеински тип на хибрид сончоглед се истакнува NLK12S074 со 86.6% и 88.0% олеинска киселина во секоја година, 2013 и 2014, соодветно. Во просек, испитуваните хибриди (вкупно 25) во текот на двете експериментални години спаѓаат во групата на средно олеински тип хибриди со просечна вредност од 62.67 % олеинска киселина. Со највисок принос на масло во целокупниот период на истражување се истакнува хибридот NLK12M144 со 1 034.22 kg/ha (за 2013 год.) и 2 237.45 kg/ha (за 2014 год.). Хибридот NLK12M144 се карактеризира и со најголем принос на масло, особено во 2014 год., година со повеќе изразени врнежи и пониски температури.Со кластер анализа е извршено групирање на примероците во пет групи по сличност врз основа на приносот на зрно и компонентите на принос со цел обезбедување прецизна слика за особините на хибридите кои се разгледуваат. Со анализата на главни компоненти (PCA), се издвојуваат хибридите NLK12M006, NLN12N007 и NLN12N010 DMR. Клучни зборови: хибриди сончоглед, карактеристики, принос на зрно, принос на маса, масло, олеинска киселина."]},{"key":"dc:format","label":"Dc Format","values":["text"]},{"key":"dcterms:accessrights","label":"Dcterms Accessrights","values":["public"]},{"key":"dc:title","label":"Title","values":["Карактеристики на семето од различни хибриди на сончоглед во услови без наводнување"]}]}],"canonical_facts":{"dc:creator":["Gorgieva, Biljana"],"dc:date":["2016-09"],"dc:date.issued":["2016-09"],"dc:description.abstract":["Целта на овој труд е да се проучи влијанието на агроеколошките услови врз хибридите сончоглед кои се одгледуваат во централниот дел на источна Македонија на локацијата во Свети Николе, во текот на 2013 и 2014 година, во однос на приносот на зрното, масата на 1000 зрна, односот лушпа/јадро, содржината на масло, содржината на олеинска киселина и приносот на масло. Истражувањата се вршени на 25 видови маслени хибриди сончоглед. Највисок принос на зрно е добиен во текот на 2014 година од хибридот NLK12M144, 4 594 kg/hа. Во однос на масата на 1000 зрна, хибридот NLK12M144 во текот на двете години од истражувањата се истакнува со најниска вредност. Со скоро идентични високи вредности на маса на 1000 зрна во целокупниот период на истражување (2013 и 2014 год.) се истакнува хибридот PR64LE19, со 91,4 g и 91,3 g, соодветно. Просечната вредност за односот лушпа/јадро добиена во периодот на испитувањето (2013 и 2014) изнесува 0,28 %. Во услови на поголема количина на врнежи и пониски температури во текот на 2014 година со највисока содржина на масло се истакнува хибридот NSN12067 (51,1 %). Во 2013 во услови со помала количина на врнежи и повисоки температури, со највисока содржина на масло се истакнува хибридот NLK12M144 (49,4 %). Просечната содржина на масло во периодот на испитување кај сите хибриди сончоглед изнесува 45,7%. Во однос на содржината на олеинска киселина, како високо олеински тип на хибрид сончоглед се истакнува NLK12S074 со 86.6% и 88.0% олеинска киселина во секоја година, 2013 и 2014, соодветно. Во просек, испитуваните хибриди (вкупно 25) во текот на двете експериментални години спаѓаат во групата на средно олеински тип хибриди со просечна вредност од 62.67 % олеинска киселина. Со највисок принос на масло во целокупниот период на истражување се истакнува хибридот NLK12M144 со 1 034.22 kg/ha (за 2013 год.) и 2 237.45 kg/ha (за 2014 год.). Хибридот NLK12M144 се карактеризира и со најголем принос на масло, особено во 2014 год., година со повеќе изразени врнежи и пониски температури.Со кластер анализа е извршено групирање на примероците во пет групи по сличност врз основа на приносот на зрно и компонентите на принос со цел обезбедување прецизна слика за особините на хибридите кои се разгледуваат. Со анализата на главни компоненти (PCA), се издвојуваат хибридите NLK12M006, NLN12N007 и NLN12N010 DMR. Клучни зборови: хибриди сончоглед, карактеристики, принос на зрно, принос на маса, масло, олеинска киселина."],"dc:format":["text"],"dc:identifier.uri":["https://eprints.ugd.edu.mk/16282/"],"dc:language":["en"],"dc:publisher.department":["Faculty of Agriculture"],"dc:publisher.institution":["Goce Delcev University Stip"],"dc:subject":["Animal and dairy science"],"dcterms:accessrights":["public"],"dc:title":["Карактеристики на семето од различни хибриди на сончоглед во услови без наводнување"],"dc:type":["Thesis"],"dc:type.qualificationlevel":["masters"]},"updated_at":"2026-11-26T13:48:58Z"}