{"id":{"repo_id":"delcev","oai_identifier":"oai:eprints.ugd.edu.mk:20781"},"canonical_url":"https://search.ndltd.org/etd/delcev/oai:eprints.ugd.edu.mk:20781","repository":{"repo_id":"delcev","name":"University of Goce Delcev","base_url":"http://eprints.ugd.edu.mk/cgi/oai2"},"display":{"title":"Управување со кредитен и каматен ризик во банкарскиот систем","abstract":"Кредитниот ризик е најдоминантен банкарски ризик и претставува основа на банкарското работење, тој е содржан во сите кредитни производи. Кредитниот ризик се јавува кога комитентот не е во можност да ги измирува своите обврски спрема банката во согласност со претходно договорените износи и рокови помеѓу двете страни. Успешното управување со кредитниот ризик претставува една од основните активности на финансиските институции, бидејќи на тој начин се следат сите активности што имаат ризичен профил. Некои од активностите на банката, какви што се: процесот на идентификација, процесот на мерење, процесот на мониторинг и контролирање на ризикот, овозможуваат лицето што презема ризик или управува со него јасно да го согледа тој ризик и последиците што произлегуваат од него. Одлуките што се донесуваат за преземање на ризикот, треба да се во целосна согласност со деловната стратегија и со целите што се определени од менаџментот и да бидат експлицитни и јасно поставени, на тој начин добивката што се очекува да се оствари од преземениот ризик треба да биде адекватна компензација за преземениот ризик, а исто така банките треба да поседуваат доволно капитал, со кој би се амортизирал преземениот ризик. Каматниот ризик претставува ризик од неповолни идни движења на каматните стапки, а со тоа и ризик од промена на вредноста на средствата што носат каматни приноси, какви што се банкарските заеми или обврзниците. Каматниот ризик е дел од категоријата пазарни ризици, кои ја искажуваат веројатноста или можноста од потенцијална промена на добивката и на пазарната вредност на капиталот на банката која би била предизвикана од промената на пазарните цени. Каматниот ризик ја покажува веројатноста за промена на нето-каматните приходи на банката поради промена на пазарните каматни стапки односно каматниот ризик покажува колку приходите и расходите на банката реагираат на промените на пазарните каматни стапки. Клучни зборови: кредитен ризик, банка, комитент, обврски, побарувања, менаџмент, каматна стапка, промени, каматен ризик, каматни приходи, пазар.","abstract_html":"Кредитниот ризик е најдоминантен банкарски ризик и претставува основа на банкарското работење, тој е содржан во сите кредитни производи. Кредитниот ризик се јавува кога комитентот не е во можност да ги измирува своите обврски спрема банката во согласност со претходно договорените износи и рокови помеѓу двете страни. Успешното управување со кредитниот ризик претставува една од основните активности на финансиските институции, бидејќи на тој начин се следат сите активности што имаат ризичен профил. Некои од активностите на банката, какви што се: процесот на идентификација, процесот на мерење, процесот на мониторинг и контролирање на ризикот, овозможуваат лицето што презема ризик или управува со него јасно да го согледа тој ризик и последиците што произлегуваат од него. Одлуките што се донесуваат за преземање на ризикот, треба да се во целосна согласност со деловната стратегија и со целите што се определени од менаџментот и да бидат експлицитни и јасно поставени, на тој начин добивката што се очекува да се оствари од преземениот ризик треба да биде адекватна компензација за преземениот ризик, а исто така банките треба да поседуваат доволно капитал, со кој би се амортизирал преземениот ризик. Каматниот ризик претставува ризик од неповолни идни движења на каматните стапки, а со тоа и ризик од промена на вредноста на средствата што носат каматни приноси, какви што се банкарските заеми или обврзниците. Каматниот ризик е дел од категоријата пазарни ризици, кои ја искажуваат веројатноста или можноста од потенцијална промена на добивката и на пазарната вредност на капиталот на банката која би била предизвикана од промената на пазарните цени. Каматниот ризик ја покажува веројатноста за промена на нето-каматните приходи на банката поради промена на пазарните каматни стапки односно каматниот ризик покажува колку приходите и расходите на банката реагираат на промените на пазарните каматни стапки. Клучни зборови: кредитен ризик, банка, комитент, обврски, побарувања, менаџмент, каматна стапка, промени, каматен ризик, каматни приходи, пазар.","abstract_has_math":false,"creators":["Vasilev, Zarko"],"institution":"Goce Delcev University Stip","degree_name":null,"degree_level":"masters","degree_discipline":null,"degree_department":null,"school":null,"contributors":[],"advisors":[],"committee_chairs":[],"committee_members":[],"year":2018,"date_issued":"2018-11","date_published":"2018-11","updated_at":"2026-11-26T13:49:03Z","subjects":["Economics and business"],"languages":["en"],"rights":[],"rights_urls":[],"identifier_entries":[],"person_identifier_entries":[]},"links":{"outbound_url":"https://eprints.ugd.edu.mk/20781/","outbound_label":"Repository record","outbound_source":"dc:identifier.uri","record_url":"https://eprints.ugd.edu.mk/20781/","record_label":"Repository record","record_kind":"record","record_source":"dc:identifier.uri","access_status":null,"embargo_until":null,"access_note":null},"oai_pmh_record":{"url":"https://union.ndltd.org/oai-pmh/?verb=GetRecord&metadataPrefix=oai_dc&identifier=oai%3Aunion.ndltd.org%3Arepo%3Adelcev%3Aoai%3Aeprints.ugd.edu.mk%3A20781","prefix":"oai_dc"},"source_record":{"url":"http://eprints.ugd.edu.mk/cgi/oai2?verb=GetRecord&metadataPrefix=uketd_dc&identifier=oai%3Aeprints.ugd.edu.mk%3A20781","prefix":"uketd_dc"},"metadata_groups":[{"id":"people","label":"People","entries":[{"key":"dc:creator","label":"Author","values":["Vasilev, Zarko"]}]},{"id":"academic_context","label":"Academic Context","entries":[{"key":"dc:date","label":"Dc Date","values":["2018-11"]},{"key":"dc:date.issued","label":"Date","values":["2018-11"]},{"key":"dc:publisher.department","label":"Dc Publisher Department","values":["Faculty of Economics"]},{"key":"dc:publisher.institution","label":"Dc Publisher Institution","values":["Goce Delcev University Stip"]},{"key":"dc:type","label":"Dc Type","values":["Thesis"]},{"key":"dc:type.qualificationlevel","label":"Dc Type Qualificationlevel","values":["masters"]}]},{"id":"subjects_keywords","label":"Subjects and Keywords","entries":[{"key":"dc:subject","label":"Dc Subject","values":["Economics and business"]}]},{"id":"language_rights","label":"Language and Rights","entries":[{"key":"dc:language","label":"Dc Language","values":["en"]}]},{"id":"identifiers","label":"Identifiers","entries":[{"key":"dc:identifier.uri","label":"Identifier URI","values":["https://eprints.ugd.edu.mk/20781/"]}]},{"id":"additional","label":"Additional Metadata","entries":[{"key":"dc:description.abstract","label":"Abstract","values":["Кредитниот ризик е најдоминантен банкарски ризик и претставува основа на банкарското работење, тој е содржан во сите кредитни производи. Кредитниот ризик се јавува кога комитентот не е во можност да ги измирува своите обврски спрема банката во согласност со претходно договорените износи и рокови помеѓу двете страни. Успешното управување со кредитниот ризик претставува една од основните активности на финансиските институции, бидејќи на тој начин се следат сите активности што имаат ризичен профил. Некои од активностите на банката, какви што се: процесот на идентификација, процесот на мерење, процесот на мониторинг и контролирање на ризикот, овозможуваат лицето што презема ризик или управува со него јасно да го согледа тој ризик и последиците што произлегуваат од него. Одлуките што се донесуваат за преземање на ризикот, треба да се во целосна согласност со деловната стратегија и со целите што се определени од менаџментот и да бидат експлицитни и јасно поставени, на тој начин добивката што се очекува да се оствари од преземениот ризик треба да биде адекватна компензација за преземениот ризик, а исто така банките треба да поседуваат доволно капитал, со кој би се амортизирал преземениот ризик. Каматниот ризик претставува ризик од неповолни идни движења на каматните стапки, а со тоа и ризик од промена на вредноста на средствата што носат каматни приноси, какви што се банкарските заеми или обврзниците. Каматниот ризик е дел од категоријата пазарни ризици, кои ја искажуваат веројатноста или можноста од потенцијална промена на добивката и на пазарната вредност на капиталот на банката која би била предизвикана од промената на пазарните цени. Каматниот ризик ја покажува веројатноста за промена на нето-каматните приходи на банката поради промена на пазарните каматни стапки односно каматниот ризик покажува колку приходите и расходите на банката реагираат на промените на пазарните каматни стапки. Клучни зборови: кредитен ризик, банка, комитент, обврски, побарувања, менаџмент, каматна стапка, промени, каматен ризик, каматни приходи, пазар."]},{"key":"dc:format","label":"Dc Format","values":["text"]},{"key":"dcterms:accessrights","label":"Dcterms Accessrights","values":["public"]},{"key":"dc:title","label":"Title","values":["Управување со кредитен и каматен ризик во банкарскиот систем"]}]}],"canonical_facts":{"dc:creator":["Vasilev, Zarko"],"dc:date":["2018-11"],"dc:date.issued":["2018-11"],"dc:description.abstract":["Кредитниот ризик е најдоминантен банкарски ризик и претставува основа на банкарското работење, тој е содржан во сите кредитни производи. Кредитниот ризик се јавува кога комитентот не е во можност да ги измирува своите обврски спрема банката во согласност со претходно договорените износи и рокови помеѓу двете страни. Успешното управување со кредитниот ризик претставува една од основните активности на финансиските институции, бидејќи на тој начин се следат сите активности што имаат ризичен профил. Некои од активностите на банката, какви што се: процесот на идентификација, процесот на мерење, процесот на мониторинг и контролирање на ризикот, овозможуваат лицето што презема ризик или управува со него јасно да го согледа тој ризик и последиците што произлегуваат од него. Одлуките што се донесуваат за преземање на ризикот, треба да се во целосна согласност со деловната стратегија и со целите што се определени од менаџментот и да бидат експлицитни и јасно поставени, на тој начин добивката што се очекува да се оствари од преземениот ризик треба да биде адекватна компензација за преземениот ризик, а исто така банките треба да поседуваат доволно капитал, со кој би се амортизирал преземениот ризик. Каматниот ризик претставува ризик од неповолни идни движења на каматните стапки, а со тоа и ризик од промена на вредноста на средствата што носат каматни приноси, какви што се банкарските заеми или обврзниците. Каматниот ризик е дел од категоријата пазарни ризици, кои ја искажуваат веројатноста или можноста од потенцијална промена на добивката и на пазарната вредност на капиталот на банката која би била предизвикана од промената на пазарните цени. Каматниот ризик ја покажува веројатноста за промена на нето-каматните приходи на банката поради промена на пазарните каматни стапки односно каматниот ризик покажува колку приходите и расходите на банката реагираат на промените на пазарните каматни стапки. Клучни зборови: кредитен ризик, банка, комитент, обврски, побарувања, менаџмент, каматна стапка, промени, каматен ризик, каматни приходи, пазар."],"dc:format":["text"],"dc:identifier.uri":["https://eprints.ugd.edu.mk/20781/"],"dc:language":["en"],"dc:publisher.department":["Faculty of Economics"],"dc:publisher.institution":["Goce Delcev University Stip"],"dc:subject":["Economics and business"],"dcterms:accessrights":["public"],"dc:title":["Управување со кредитен и каматен ризик во банкарскиот систем"],"dc:type":["Thesis"],"dc:type.qualificationlevel":["masters"]},"updated_at":"2026-11-26T13:49:03Z"}