{"id":{"repo_id":"delcev","oai_identifier":"oai:eprints.ugd.edu.mk:26829"},"canonical_url":"https://search.ndltd.org/etd/delcev/oai:eprints.ugd.edu.mk:26829","repository":{"repo_id":"delcev","name":"University of Goce Delcev","base_url":"http://eprints.ugd.edu.mk/cgi/oai2"},"display":{"title":"Повеќефазно моделирање на оруднувањето во боровдолскиот бакарен порфирски систем","abstract":"Во оваа докторска дисертација се изложени податоци од геолошка, геохемиска, геофизичка, структуролошка и металогенетска гледна точка како и специфичните особености на бакарното порфирско наоѓалиште Боров Дол. Просторната позиција на оруднувањето во наоѓалиштето Боров Дол, е контролирана од раседните структури со правец на протегање СЗ-ЈИ и СИ-ЈЗ, кружно-елиптичните неогени структури (типични за структурите на вулканските апарати) и субвулканско-вулканските формации на терциерниот магматизам од трахиандезитски до андезитски состав со апсолутна старост од 24,04 Ма до 24,51 Ма. Наоѓалиштето Боров Дол е дел од рудниот реон Бучим-Дамјан-Боров Дол кој јасно се проектира во рамките на дивергентниот Алпски ороген и продуктиваната металогенетска зона Леце-Халкидик. Плутонитите и центрите на главните доводни канали за магматизмот и минерализацијата во наоѓалиштето Боров Дол се потврдени со геофизичките испитувања преку позитивно аномално геомагнетско поле, масивните рудни тела се потврдени со гравиметриски максимуми и намалениот геоелектричен отпор. Ваквите сознанија во најголема мера коинцидираат и со главните аномални геохемиски зони кој во централните делови на наоѓалиштето изнесуваат и до 3 000 ppm Cu, 1 000 ppm Mo, 800 ppm Ag, 3 000 ppm Pb, 1 650 ppm Zn и 3 000 ppm Ba. Дефинираноста на наоѓалиштето Боров Дол како порфирско наоѓалиште, главно минерализирано со познатата асоцијација Cu-Au-Mo-Ag-Pb-Zn и др., е овозможена од систематските проучувања и идентификација на типоморфните промени (К-метасоматоза, серицитизација, силификација, аргилитизација, пропилитизација и др.) кои го даваат класичниот порфирски модел на промени, потоа минералната асоцијација претставена со главната кварц-пирит- халкопиритова (промислена) парагенеза во наоѓалиштето која е основниот носител на бакар и злато и серија на бакарни сулфосоли од редот на тетредрит-тенантит, лузонит, путоранит и др., типоморфните штокверкни и штокверкно-импрегнациони оруднувања, појавата на оксидационо-цемнтационата зона и јасен преод кон примарната сулфидна минерализација, ниските концентрации на основните рудни метали (̴ 0,247 % Cu; 0,19 g/t Au; 1,34 g/t Ag; max. 140 g/t Mo; max. 0,29 % Pb; max. 0,22 % Zn) и друго. Варијациите на δ34S во рудните минерали од наоѓалиште Боров Дол се движеа од -7,52 ‰ до +5,40 ‰, додека изотопните вредности на δ13C‰ и δ18O‰ во калцитите од наоѓалиштето Боров Дол се движеа од +6,65 до +21,72‰ и од -13,00 до +0,04 ‰, редоследно. Што се однесува до флуидните инклузии се потврди дека покрај доминантните двофазни инклузии на гас-течност постојат и трифазни флуидни инклузии (гас+течност+цврста фаза). Освен овие сознанија, изотопните соодноси на стронциум и неодиум во магматските карпи од рудниот реон Бучим-Дамјан-Боров Дол (87Sr/86Sr 0,706584–0,707406 и 143Nd/144Nd 0,512425–0,512497) укажуваат на мала контаминација на магматските примероци со материјал од континенталната кора, што е последица на делумното растопување на длабоките делови на континенталната кора потиснати надолу при судирот на континенталните блокови. Во прилог на ова се и резултатите од REE анализите кои покажуваат висока содржина на литофилни елементи со големи јони (LILE), сооднос на Ba/Nb (3,025-44,638), слабо присуство на елементи со висока моќност на поле (HFSE) и слаба негативна аномалија на еуропиум (0,60940-1,02028). Направена е и проценка на бакарната порфирска минерализација во Боров Дол преку тродимензионално моделирање на геологијата, раседните структури и геохемиската распределба на елементите од интерес, за да се добие еден подобар увид на рудно-генетските процеси и истражувачкиот потенцијал.","abstract_html":"Во оваа докторска дисертација се изложени податоци од геолошка, геохемиска, геофизичка, структуролошка и металогенетска гледна точка како и специфичните особености на бакарното порфирско наоѓалиште Боров Дол. Просторната позиција на оруднувањето во наоѓалиштето Боров Дол, е контролирана од раседните структури со правец на протегање СЗ-ЈИ и СИ-ЈЗ, кружно-елиптичните неогени структури (типични за структурите на вулканските апарати) и субвулканско-вулканските формации на терциерниот магматизам од трахиандезитски до андезитски состав со апсолутна старост од 24,04 Ма до 24,51 Ма. Наоѓалиштето Боров Дол е дел од рудниот реон Бучим-Дамјан-Боров Дол кој јасно се проектира во рамките на дивергентниот Алпски ороген и продуктиваната металогенетска зона Леце-Халкидик. Плутонитите и центрите на главните доводни канали за магматизмот и минерализацијата во наоѓалиштето Боров Дол се потврдени со геофизичките испитувања преку позитивно аномално геомагнетско поле, масивните рудни тела се потврдени со гравиметриски максимуми и намалениот геоелектричен отпор. Ваквите сознанија во најголема мера коинцидираат и со главните аномални геохемиски зони кој во централните делови на наоѓалиштето изнесуваат и до 3 000 ppm Cu, 1 000 ppm Mo, 800 ppm Ag, 3 000 ppm Pb, 1 650 ppm Zn и 3 000 ppm Ba. Дефинираноста на наоѓалиштето Боров Дол како порфирско наоѓалиште, главно минерализирано со познатата асоцијација Cu-Au-Mo-Ag-Pb-Zn и др., е овозможена од систематските проучувања и идентификација на типоморфните промени (К-метасоматоза, серицитизација, силификација, аргилитизација, пропилитизација и др.) кои го даваат класичниот порфирски модел на промени, потоа минералната асоцијација претставена со главната кварц-пирит- халкопиритова (промислена) парагенеза во наоѓалиштето која е основниот носител на бакар и злато и серија на бакарни сулфосоли од редот на тетредрит-тенантит, лузонит, путоранит и др., типоморфните штокверкни и штокверкно-импрегнациони оруднувања, појавата на оксидационо-цемнтационата зона и јасен преод кон примарната сулфидна минерализација, ниските концентрации на основните рудни метали (̴ 0,247 % Cu; 0,19 g/t Au; 1,34 g/t Ag; max. 140 g/t Mo; max. 0,29 % Pb; max. 0,22 % Zn) и друго. Варијациите на δ34S во рудните минерали од наоѓалиште Боров Дол се движеа од -7,52 ‰ до +5,40 ‰, додека изотопните вредности на δ13C‰ и δ18O‰ во калцитите од наоѓалиштето Боров Дол се движеа од +6,65 до +21,72‰ и од -13,00 до +0,04 ‰, редоследно. Што се однесува до флуидните инклузии се потврди дека покрај доминантните двофазни инклузии на гас-течност постојат и трифазни флуидни инклузии (гас+течност+цврста фаза). Освен овие сознанија, изотопните соодноси на стронциум и неодиум во магматските карпи од рудниот реон Бучим-Дамјан-Боров Дол (87Sr/86Sr 0,706584–0,707406 и 143Nd/144Nd 0,512425–0,512497) укажуваат на мала контаминација на магматските примероци со материјал од континенталната кора, што е последица на делумното растопување на длабоките делови на континенталната кора потиснати надолу при судирот на континенталните блокови. Во прилог на ова се и резултатите од REE анализите кои покажуваат висока содржина на литофилни елементи со големи јони (LILE), сооднос на Ba/Nb (3,025-44,638), слабо присуство на елементи со висока моќност на поле (HFSE) и слаба негативна аномалија на еуропиум (0,60940-1,02028). Направена е и проценка на бакарната порфирска минерализација во Боров Дол преку тродимензионално моделирање на геологијата, раседните структури и геохемиската распределба на елементите од интерес, за да се добие еден подобар увид на рудно-генетските процеси и истражувачкиот потенцијал.","abstract_has_math":false,"creators":["Gjorgjiev, Lazar"],"institution":"Факултет за притодни и технички науки, Универзитет \"Гоце Делчев\"","degree_name":"phd","degree_level":"doctoral","degree_discipline":null,"degree_department":null,"school":null,"contributors":[],"advisors":[],"committee_chairs":[],"committee_members":[],"year":2020,"date_issued":"2020","date_published":"2020","updated_at":"2026-11-26T13:49:12Z","subjects":["Earth and related environmental sciences"],"languages":["en"],"rights":[],"rights_urls":[],"identifier_entries":[],"person_identifier_entries":[]},"links":{"outbound_url":"https://eprints.ugd.edu.mk/26829/","outbound_label":"Repository record","outbound_source":"dc:identifier.uri","record_url":"https://eprints.ugd.edu.mk/26829/","record_label":"Repository record","record_kind":"record","record_source":"dc:identifier.uri","access_status":null,"embargo_until":null,"access_note":null},"oai_pmh_record":{"url":"https://union.ndltd.org/oai-pmh/?verb=GetRecord&metadataPrefix=oai_dc&identifier=oai%3Aunion.ndltd.org%3Arepo%3Adelcev%3Aoai%3Aeprints.ugd.edu.mk%3A26829","prefix":"oai_dc"},"source_record":{"url":"http://eprints.ugd.edu.mk/cgi/oai2?verb=GetRecord&metadataPrefix=uketd_dc&identifier=oai%3Aeprints.ugd.edu.mk%3A26829","prefix":"uketd_dc"},"metadata_groups":[{"id":"people","label":"People","entries":[{"key":"dc:creator","label":"Author","values":["Gjorgjiev, Lazar"]}]},{"id":"academic_context","label":"Academic Context","entries":[{"key":"dc:date","label":"Dc Date","values":["2020"]},{"key":"dc:date.issued","label":"Date","values":["2020"]},{"key":"dc:publisher.department","label":"Dc Publisher Department","values":["Катедра за наоѓалишта на минерални суровини"]},{"key":"dc:publisher.institution","label":"Dc Publisher Institution","values":["Факултет за притодни и технички науки, Универзитет \"Гоце Делчев\""]},{"key":"dc:type","label":"Dc Type","values":["Thesis"]},{"key":"dc:type.qualificationlevel","label":"Dc Type Qualificationlevel","values":["doctoral"]},{"key":"dc:type.qualificationname","label":"Dc Type Qualificationname","values":["phd"]}]},{"id":"subjects_keywords","label":"Subjects and Keywords","entries":[{"key":"dc:subject","label":"Dc Subject","values":["Earth and related environmental sciences"]}]},{"id":"language_rights","label":"Language and Rights","entries":[{"key":"dc:language","label":"Dc Language","values":["en"]}]},{"id":"identifiers","label":"Identifiers","entries":[{"key":"dc:identifier.uri","label":"Identifier URI","values":["https://eprints.ugd.edu.mk/26829/"]}]},{"id":"additional","label":"Additional Metadata","entries":[{"key":"dc:description.abstract","label":"Abstract","values":["Во оваа докторска дисертација се изложени податоци од геолошка, геохемиска, геофизичка, структуролошка и металогенетска гледна точка како и специфичните особености на бакарното порфирско наоѓалиште Боров Дол. Просторната позиција на оруднувањето во наоѓалиштето Боров Дол, е контролирана од раседните структури со правец на протегање СЗ-ЈИ и СИ-ЈЗ, кружно-елиптичните неогени структури (типични за структурите на вулканските апарати) и субвулканско-вулканските формации на терциерниот магматизам од трахиандезитски до андезитски состав со апсолутна старост од 24,04 Ма до 24,51 Ма. Наоѓалиштето Боров Дол е дел од рудниот реон Бучим-Дамјан-Боров Дол кој јасно се проектира во рамките на дивергентниот Алпски ороген и продуктиваната металогенетска зона Леце-Халкидик. Плутонитите и центрите на главните доводни канали за магматизмот и минерализацијата во наоѓалиштето Боров Дол се потврдени со геофизичките испитувања преку позитивно аномално геомагнетско поле, масивните рудни тела се потврдени со гравиметриски максимуми и намалениот геоелектричен отпор. Ваквите сознанија во најголема мера коинцидираат и со главните аномални геохемиски зони кој во централните делови на наоѓалиштето изнесуваат и до 3 000 ppm Cu, 1 000 ppm Mo, 800 ppm Ag, 3 000 ppm Pb, 1 650 ppm Zn и 3 000 ppm Ba. Дефинираноста на наоѓалиштето Боров Дол како порфирско наоѓалиште, главно минерализирано со познатата асоцијација Cu-Au-Mo-Ag-Pb-Zn и др., е овозможена од систематските проучувања и идентификација на типоморфните промени (К-метасоматоза, серицитизација, силификација, аргилитизација, пропилитизација и др.) кои го даваат класичниот порфирски модел на промени, потоа минералната асоцијација претставена со главната кварц-пирит- халкопиритова (промислена) парагенеза во наоѓалиштето која е основниот носител на бакар и злато и серија на бакарни сулфосоли од редот на тетредрит-тенантит, лузонит, путоранит и др., типоморфните штокверкни и штокверкно-импрегнациони оруднувања, појавата на оксидационо-цемнтационата зона и јасен преод кон примарната сулфидна минерализација, ниските концентрации на основните рудни метали (̴ 0,247 % Cu; 0,19 g/t Au; 1,34 g/t Ag; max. 140 g/t Mo; max. 0,29 % Pb; max. 0,22 % Zn) и друго. Варијациите на δ34S во рудните минерали од наоѓалиште Боров Дол се движеа од -7,52 ‰ до +5,40 ‰, додека изотопните вредности на δ13C‰ и δ18O‰ во калцитите од наоѓалиштето Боров Дол се движеа од +6,65 до +21,72‰ и од -13,00 до +0,04 ‰, редоследно. Што се однесува до флуидните инклузии се потврди дека покрај доминантните двофазни инклузии на гас-течност постојат и трифазни флуидни инклузии (гас+течност+цврста фаза). Освен овие сознанија, изотопните соодноси на стронциум и неодиум во магматските карпи од рудниот реон Бучим-Дамјан-Боров Дол (87Sr/86Sr 0,706584–0,707406 и 143Nd/144Nd 0,512425–0,512497) укажуваат на мала контаминација на магматските примероци со материјал од континенталната кора, што е последица на делумното растопување на длабоките делови на континенталната кора потиснати надолу при судирот на континенталните блокови. Во прилог на ова се и резултатите од REE анализите кои покажуваат висока содржина на литофилни елементи со големи јони (LILE), сооднос на Ba/Nb (3,025-44,638), слабо присуство на елементи со висока моќност на поле (HFSE) и слаба негативна аномалија на еуропиум (0,60940-1,02028). Направена е и проценка на бакарната порфирска минерализација во Боров Дол преку тродимензионално моделирање на геологијата, раседните структури и геохемиската распределба на елементите од интерес, за да се добие еден подобар увид на рудно-генетските процеси и истражувачкиот потенцијал."]},{"key":"dc:format","label":"Dc Format","values":["text"]},{"key":"dcterms:accessrights","label":"Dcterms Accessrights","values":["public"]},{"key":"dc:title","label":"Title","values":["Повеќефазно моделирање на оруднувањето во боровдолскиот бакарен порфирски систем"]}]}],"canonical_facts":{"dc:creator":["Gjorgjiev, Lazar"],"dc:date":["2020"],"dc:date.issued":["2020"],"dc:description.abstract":["Во оваа докторска дисертација се изложени податоци од геолошка, геохемиска, геофизичка, структуролошка и металогенетска гледна точка како и специфичните особености на бакарното порфирско наоѓалиште Боров Дол. Просторната позиција на оруднувањето во наоѓалиштето Боров Дол, е контролирана од раседните структури со правец на протегање СЗ-ЈИ и СИ-ЈЗ, кружно-елиптичните неогени структури (типични за структурите на вулканските апарати) и субвулканско-вулканските формации на терциерниот магматизам од трахиандезитски до андезитски состав со апсолутна старост од 24,04 Ма до 24,51 Ма. Наоѓалиштето Боров Дол е дел од рудниот реон Бучим-Дамјан-Боров Дол кој јасно се проектира во рамките на дивергентниот Алпски ороген и продуктиваната металогенетска зона Леце-Халкидик. Плутонитите и центрите на главните доводни канали за магматизмот и минерализацијата во наоѓалиштето Боров Дол се потврдени со геофизичките испитувања преку позитивно аномално геомагнетско поле, масивните рудни тела се потврдени со гравиметриски максимуми и намалениот геоелектричен отпор. Ваквите сознанија во најголема мера коинцидираат и со главните аномални геохемиски зони кој во централните делови на наоѓалиштето изнесуваат и до 3 000 ppm Cu, 1 000 ppm Mo, 800 ppm Ag, 3 000 ppm Pb, 1 650 ppm Zn и 3 000 ppm Ba. Дефинираноста на наоѓалиштето Боров Дол како порфирско наоѓалиште, главно минерализирано со познатата асоцијација Cu-Au-Mo-Ag-Pb-Zn и др., е овозможена од систематските проучувања и идентификација на типоморфните промени (К-метасоматоза, серицитизација, силификација, аргилитизација, пропилитизација и др.) кои го даваат класичниот порфирски модел на промени, потоа минералната асоцијација претставена со главната кварц-пирит- халкопиритова (промислена) парагенеза во наоѓалиштето која е основниот носител на бакар и злато и серија на бакарни сулфосоли од редот на тетредрит-тенантит, лузонит, путоранит и др., типоморфните штокверкни и штокверкно-импрегнациони оруднувања, појавата на оксидационо-цемнтационата зона и јасен преод кон примарната сулфидна минерализација, ниските концентрации на основните рудни метали (̴ 0,247 % Cu; 0,19 g/t Au; 1,34 g/t Ag; max. 140 g/t Mo; max. 0,29 % Pb; max. 0,22 % Zn) и друго. Варијациите на δ34S во рудните минерали од наоѓалиште Боров Дол се движеа од -7,52 ‰ до +5,40 ‰, додека изотопните вредности на δ13C‰ и δ18O‰ во калцитите од наоѓалиштето Боров Дол се движеа од +6,65 до +21,72‰ и од -13,00 до +0,04 ‰, редоследно. Што се однесува до флуидните инклузии се потврди дека покрај доминантните двофазни инклузии на гас-течност постојат и трифазни флуидни инклузии (гас+течност+цврста фаза). Освен овие сознанија, изотопните соодноси на стронциум и неодиум во магматските карпи од рудниот реон Бучим-Дамјан-Боров Дол (87Sr/86Sr 0,706584–0,707406 и 143Nd/144Nd 0,512425–0,512497) укажуваат на мала контаминација на магматските примероци со материјал од континенталната кора, што е последица на делумното растопување на длабоките делови на континенталната кора потиснати надолу при судирот на континенталните блокови. Во прилог на ова се и резултатите од REE анализите кои покажуваат висока содржина на литофилни елементи со големи јони (LILE), сооднос на Ba/Nb (3,025-44,638), слабо присуство на елементи со висока моќност на поле (HFSE) и слаба негативна аномалија на еуропиум (0,60940-1,02028). Направена е и проценка на бакарната порфирска минерализација во Боров Дол преку тродимензионално моделирање на геологијата, раседните структури и геохемиската распределба на елементите од интерес, за да се добие еден подобар увид на рудно-генетските процеси и истражувачкиот потенцијал."],"dc:format":["text"],"dc:identifier.uri":["https://eprints.ugd.edu.mk/26829/"],"dc:language":["en"],"dc:publisher.department":["Катедра за наоѓалишта на минерални суровини"],"dc:publisher.institution":["Факултет за притодни и технички науки, Универзитет \"Гоце Делчев\""],"dc:subject":["Earth and related environmental sciences"],"dcterms:accessrights":["public"],"dc:title":["Повеќефазно моделирање на оруднувањето во боровдолскиот бакарен порфирски систем"],"dc:type":["Thesis"],"dc:type.qualificationlevel":["doctoral"],"dc:type.qualificationname":["phd"]},"updated_at":"2026-11-26T13:49:12Z"}