{"id":{"repo_id":"delcev","oai_identifier":"oai:eprints.ugd.edu.mk:36462"},"canonical_url":"https://search.ndltd.org/etd/delcev/oai:eprints.ugd.edu.mk:36462","repository":{"repo_id":"delcev","name":"University of Goce Delcev","base_url":"http://eprints.ugd.edu.mk/cgi/oai2"},"display":{"title":"Корелација на мутацискиот профил и микросателитската нестабилност како прогностички биомаркери за колоректален карцином и неговите клиничко-патолошки параметри","abstract":"Вовед: Колоректалниот карцином (КРК) е трета најчеста малигна неоплазма во светот и втора водечка причина за смрт поврзана со карцином. КРК по инциденца е на второ место кај жените по карциномот на дојка и на трето место кај мажите по карциномот на простата и белите дробови. Најчест хистолошки тип е аденокарциномот кој се дели на повеќе поттипови кои имаат различен молекуларен профил и клиничка прогноза. Стадиумот на болеста заедно со другите прогностички параметри и молекуларните тестирања се од клучна важност за изборот на третманот и проценката на ризик од рецидив. Цел: Целта на оваа докторска дисертација е да се одредат мутациите на Kirsten rat sarcoma viral oncogene (KRAS), - Neuroblastoma RAS viral oncogene homolog ( NRAS), V-raf murine sarcoma viral oncogene homolog B1 (BRAF) кај КРК, да се одреди Mismatch repear (MMR) статусот кај пациенти со КРК, да се евалуира експресијата на Programmed death-ligand1 (PDL1) и Human epidermal growth factor receptor 2 (HER2) и да се корелираат со клиничко-патолошките параметри. Материјал и методи: Во оваа ретроспективно-проспективна студија се користени архивски материјали на парафински блокчиња од примероци од туморско ткиво на 152 пациенти со дијагностициран колоректален карцином во Лабораторијата за хистопатологија и цитологија во Клиничка болница „Аџибадем Систина“. За имунохистохемиска анализа, користени се следниве антитела: MLH1, PMS2, PSH2, MSH6, BRAF V600E, HER2, PDL-1, а дополнително се одредуваа и KRAS/ NRAS, BRAF-мутации со Cobas z 480. Експресијата на HER2 се евалуираше според HERACLES-препораките за скорирање. Експресијата на PDL-1 се одредуваше со TPS, односно процент на позитивни туморски клетки на 100 витални клетки. Направена е корелација на добиените резултати со клиничко-патолошките параметри: пол, возраст, локализација на тумор, T,N,M-категорија, стадиум на болест, лимфатична и венска инвазија. Резултати: Од анализираните 152 пациенти со дијагностициран КРК, најмногу беа мажи 98 (64.47%) vs 54 (35.53%) жени. Возраста на пациентите беше во ранг од 34 до 89 години (просечна 68.4±11.3 години). Доминираа пациенти постари од 50 години – 137(90.13%). Анализата на колоректалните карциноми во однос на стадиумот на болеста потврди дека најчесто дијагностицирани случаи се во стадиум IIIB 35,53%, лимфатична инвазија кај 86,84% тумори додека венска инвазија кај 63,82% од туморите. Во оваа кохорта на пациенти, KRAS/NRAS-мутации беа детектирани кај 47(30.92%) пациенти, BRAF-мутации кај 11(7.24%) пациенти, со ММRd-статус беа најдени кај 15(9.87%) пациенти. BRAF-позитивните и негативните пациенти сигнификантно се разликуваа во однос на Т- класификацијата на туморот (p=0.009). Компарацијата на двете групи во однос на поединечните Т-категории потврди сигнификантно поретка застапеност на тумори со Т3-категорија во групата BRAF-позитивни пациенти (27.27% vs 65.96%, p=0.01), а сигнификантно почеста застапеност на тумори со 4b-категорија (45.45% vs 8.51%, p=0.0002). BRAF-мутацискиот статус беше сигнификантно различен во зависност од диференцираноста на туморот (p=0.022). Пациентите со потврдени мутации сигнификантно поретко имаа тумори со G2-категорија, односно умерено диференцирани тумори (45.45% vs 78.01%, p=0.015), додека сигнификантно почесто се дијагностицираа тумори со G3-категорија, односно лошо диференцирани тумори (54.55% vs 18.44%, p=0.0047). Не беше најдена сигнификантна корелација меѓу KRAS/NRAS-мутациите, ММR- статусот со клиничко-патолошките параметри. Левостраните тумори го сочинуваа мнозинството тумори кај HER2-позитивните и негативните пациенти (72.72% vs 81.48%). Во групата од 17 PDL1 позитивно дијагностицирани тумори, кај 10 од нив беа потврдени повеќе од 1% позитивни туморски клетки, кај 4 тумори беа детектирани повеќе од 10% туморски клетки, а кај 3 тумори, повеќе од 50% туморски клетки. Заклучок: Резултатите од ова истражување потврдуваат дека КРК најчесто се дијагностицира во напреднат стадиум IIIB, односно метастатски КРК. Тој има лоши прогностички параметри како лимфоваскуларна инвазија и висок градус. КРК е со доминантна локализација во левиот колон, најчесто во ректумот со висока фреквенција на KRAS/NRAS-мутации. Овие KRAS-мутации немаат сигнификантна корелација со стадиумот на болеста и T, N, M-категориите, ниту со градусот на туморот и лимфоваскуларната инвазија. Најголем дел од KRAS-мутациите беа најдени кај тумори со локализација во левиот колон, додека BRAF-мутациите покажаа сигнификантна корелација со локализација во десниот колон. Сигнификантна корелација со локализацијата на туморот во десниот колон покажаа и туморите со MMRd-статус. BRAF-мутациите сигнификантно корелираат со висока Т-категорија на туморот, односно подлабока инвазија во ѕидот, како и со повисок градус G3 на туморот и повисок стадиум на болестa III или IV. BRAF-мутациите немаат сигнификантна корелација со N, M-категоријата на туморот и лимфоваскуларната инвазија. Позитивна експресија на HER2 нема сигнификантна корелација со Т, N, M-категориите, градусот и лимфоваскуларната инвазија, како и BRAF-мутациите и MMR-статусот. Експресијата на HER2 е поврзана со локализација во левиот колон и KRAS-мутации. Позитивна експресија на PDL-1 нема сигнификантна корелација со Т, N, M-категориите, градусот и лимфоваскуларната инвазија, како и KRAS-мутациите и MMR-статусот. Експресија со cut off >50% е поврзана со негова локализација на десната страна, висок градус и BRAF-мутации.","abstract_html":"Вовед: Колоректалниот карцином (КРК) е трета најчеста малигна неоплазма во светот и втора водечка причина за смрт поврзана со карцином. КРК по инциденца е на второ место кај жените по карциномот на дојка и на трето место кај мажите по карциномот на простата и белите дробови. Најчест хистолошки тип е аденокарциномот кој се дели на повеќе поттипови кои имаат различен молекуларен профил и клиничка прогноза. Стадиумот на болеста заедно со другите прогностички параметри и молекуларните тестирања се од клучна важност за изборот на третманот и проценката на ризик од рецидив. Цел: Целта на оваа докторска дисертација е да се одредат мутациите на Kirsten rat sarcoma viral oncogene (KRAS), - Neuroblastoma RAS viral oncogene homolog ( NRAS), V-raf murine sarcoma viral oncogene homolog B1 (BRAF) кај КРК, да се одреди Mismatch repear (MMR) статусот кај пациенти со КРК, да се евалуира експресијата на Programmed death-ligand1 (PDL1) и Human epidermal growth factor receptor 2 (HER2) и да се корелираат со клиничко-патолошките параметри. Материјал и методи: Во оваа ретроспективно-проспективна студија се користени архивски материјали на парафински блокчиња од примероци од туморско ткиво на 152 пациенти со дијагностициран колоректален карцином во Лабораторијата за хистопатологија и цитологија во Клиничка болница „Аџибадем Систина“. За имунохистохемиска анализа, користени се следниве антитела: MLH1, PMS2, PSH2, MSH6, BRAF V600E, HER2, PDL-1, а дополнително се одредуваа и KRAS/ NRAS, BRAF-мутации со Cobas z 480. Експресијата на HER2 се евалуираше според HERACLES-препораките за скорирање. Експресијата на PDL-1 се одредуваше со TPS, односно процент на позитивни туморски клетки на 100 витални клетки. Направена е корелација на добиените резултати со клиничко-патолошките параметри: пол, возраст, локализација на тумор, T,N,M-категорија, стадиум на болест, лимфатична и венска инвазија. Резултати: Од анализираните 152 пациенти со дијагностициран КРК, најмногу беа мажи 98 (64.47%) vs 54 (35.53%) жени. Возраста на пациентите беше во ранг од 34 до 89 години (просечна 68.4±11.3 години). Доминираа пациенти постари од 50 години – 137(90.13%). Анализата на колоректалните карциноми во однос на стадиумот на болеста потврди дека најчесто дијагностицирани случаи се во стадиум IIIB 35,53%, лимфатична инвазија кај 86,84% тумори додека венска инвазија кај 63,82% од туморите. Во оваа кохорта на пациенти, KRAS/NRAS-мутации беа детектирани кај 47(30.92%) пациенти, BRAF-мутации кај 11(7.24%) пациенти, со ММRd-статус беа најдени кај 15(9.87%) пациенти. BRAF-позитивните и негативните пациенти сигнификантно се разликуваа во однос на Т- класификацијата на туморот (p=0.009). Компарацијата на двете групи во однос на поединечните Т-категории потврди сигнификантно поретка застапеност на тумори со Т3-категорија во групата BRAF-позитивни пациенти (27.27% vs 65.96%, p=0.01), а сигнификантно почеста застапеност на тумори со 4b-категорија (45.45% vs 8.51%, p=0.0002). BRAF-мутацискиот статус беше сигнификантно различен во зависност од диференцираноста на туморот (p=0.022). Пациентите со потврдени мутации сигнификантно поретко имаа тумори со G2-категорија, односно умерено диференцирани тумори (45.45% vs 78.01%, p=0.015), додека сигнификантно почесто се дијагностицираа тумори со G3-категорија, односно лошо диференцирани тумори (54.55% vs 18.44%, p=0.0047). Не беше најдена сигнификантна корелација меѓу KRAS/NRAS-мутациите, ММR- статусот со клиничко-патолошките параметри. Левостраните тумори го сочинуваа мнозинството тумори кај HER2-позитивните и негативните пациенти (72.72% vs 81.48%). Во групата од 17 PDL1 позитивно дијагностицирани тумори, кај 10 од нив беа потврдени повеќе од 1% позитивни туморски клетки, кај 4 тумори беа детектирани повеќе од 10% туморски клетки, а кај 3 тумори, повеќе од 50% туморски клетки. Заклучок: Резултатите од ова истражување потврдуваат дека КРК најчесто се дијагностицира во напреднат стадиум IIIB, односно метастатски КРК. Тој има лоши прогностички параметри како лимфоваскуларна инвазија и висок градус. КРК е со доминантна локализација во левиот колон, најчесто во ректумот со висока фреквенција на KRAS/NRAS-мутации. Овие KRAS-мутации немаат сигнификантна корелација со стадиумот на болеста и T, N, M-категориите, ниту со градусот на туморот и лимфоваскуларната инвазија. Најголем дел од KRAS-мутациите беа најдени кај тумори со локализација во левиот колон, додека BRAF-мутациите покажаа сигнификантна корелација со локализација во десниот колон. Сигнификантна корелација со локализацијата на туморот во десниот колон покажаа и туморите со MMRd-статус. BRAF-мутациите сигнификантно корелираат со висока Т-категорија на туморот, односно подлабока инвазија во ѕидот, како и со повисок градус G3 на туморот и повисок стадиум на болестa III или IV. BRAF-мутациите немаат сигнификантна корелација со N, M-категоријата на туморот и лимфоваскуларната инвазија. Позитивна експресија на HER2 нема сигнификантна корелација со Т, N, M-категориите, градусот и лимфоваскуларната инвазија, како и BRAF-мутациите и MMR-статусот. Експресијата на HER2 е поврзана со локализација во левиот колон и KRAS-мутации. Позитивна експресија на PDL-1 нема сигнификантна корелација со Т, N, M-категориите, градусот и лимфоваскуларната инвазија, како и KRAS-мутациите и MMR-статусот. Експресија со cut off &gt;50% е поврзана со негова локализација на десната страна, висок градус и BRAF-мутации.","abstract_has_math":false,"creators":["Krsteska, Blagica"],"institution":"Goce Delcev University, Stip","degree_name":"phd","degree_level":"doctoral","degree_discipline":null,"degree_department":null,"school":null,"contributors":[],"advisors":[],"committee_chairs":[],"committee_members":[],"year":2025,"date_issued":"2025-10","date_published":"2025-10","updated_at":"2026-11-26T13:49:15Z","subjects":["Basic medicine","Clinical medicine"],"languages":["en"],"rights":[],"rights_urls":[],"identifier_entries":[],"person_identifier_entries":[]},"links":{"outbound_url":"https://eprints.ugd.edu.mk/36462/","outbound_label":"Repository record","outbound_source":"dc:identifier.uri","record_url":"https://eprints.ugd.edu.mk/36462/","record_label":"Repository record","record_kind":"record","record_source":"dc:identifier.uri","access_status":null,"embargo_until":null,"access_note":null},"oai_pmh_record":{"url":"https://union.ndltd.org/oai-pmh/?verb=GetRecord&metadataPrefix=oai_dc&identifier=oai%3Aunion.ndltd.org%3Arepo%3Adelcev%3Aoai%3Aeprints.ugd.edu.mk%3A36462","prefix":"oai_dc"},"source_record":{"url":"http://eprints.ugd.edu.mk/cgi/oai2?verb=GetRecord&metadataPrefix=uketd_dc&identifier=oai%3Aeprints.ugd.edu.mk%3A36462","prefix":"uketd_dc"},"metadata_groups":[{"id":"people","label":"People","entries":[{"key":"dc:creator","label":"Author","values":["Krsteska, Blagica"]}]},{"id":"academic_context","label":"Academic Context","entries":[{"key":"dc:date","label":"Dc Date","values":["2025-10-10"]},{"key":"dc:date.issued","label":"Date","values":["2025-10"]},{"key":"dc:publisher.department","label":"Dc Publisher Department","values":["Faculty of medical sciences"]},{"key":"dc:publisher.institution","label":"Dc Publisher Institution","values":["Goce Delcev University, Stip"]},{"key":"dc:type","label":"Dc Type","values":["Thesis"]},{"key":"dc:type.qualificationlevel","label":"Dc Type Qualificationlevel","values":["doctoral"]},{"key":"dc:type.qualificationname","label":"Dc Type Qualificationname","values":["phd"]}]},{"id":"subjects_keywords","label":"Subjects and Keywords","entries":[{"key":"dc:subject","label":"Dc Subject","values":["Basic medicine","Clinical medicine"]}]},{"id":"language_rights","label":"Language and Rights","entries":[{"key":"dc:language","label":"Dc Language","values":["en"]}]},{"id":"identifiers","label":"Identifiers","entries":[{"key":"dc:identifier.uri","label":"Identifier URI","values":["https://eprints.ugd.edu.mk/36462/"]}]},{"id":"additional","label":"Additional Metadata","entries":[{"key":"dc:description.abstract","label":"Abstract","values":["Вовед: Колоректалниот карцином (КРК) е трета најчеста малигна неоплазма во светот и втора водечка причина за смрт поврзана со карцином. КРК по инциденца е на второ место кај жените по карциномот на дојка и на трето место кај мажите по карциномот на простата и белите дробови. Најчест хистолошки тип е аденокарциномот кој се дели на повеќе поттипови кои имаат различен молекуларен профил и клиничка прогноза. Стадиумот на болеста заедно со другите прогностички параметри и молекуларните тестирања се од клучна важност за изборот на третманот и проценката на ризик од рецидив. Цел: Целта на оваа докторска дисертација е да се одредат мутациите на Kirsten rat sarcoma viral oncogene (KRAS), - Neuroblastoma RAS viral oncogene homolog ( NRAS), V-raf murine sarcoma viral oncogene homolog B1 (BRAF) кај КРК, да се одреди Mismatch repear (MMR) статусот кај пациенти со КРК, да се евалуира експресијата на Programmed death-ligand1 (PDL1) и Human epidermal growth factor receptor 2 (HER2) и да се корелираат со клиничко-патолошките параметри. Материјал и методи: Во оваа ретроспективно-проспективна студија се користени архивски материјали на парафински блокчиња од примероци од туморско ткиво на 152 пациенти со дијагностициран колоректален карцином во Лабораторијата за хистопатологија и цитологија во Клиничка болница „Аџибадем Систина“. За имунохистохемиска анализа, користени се следниве антитела: MLH1, PMS2, PSH2, MSH6, BRAF V600E, HER2, PDL-1, а дополнително се одредуваа и KRAS/ NRAS, BRAF-мутации со Cobas z 480. Експресијата на HER2 се евалуираше според HERACLES-препораките за скорирање. Експресијата на PDL-1 се одредуваше со TPS, односно процент на позитивни туморски клетки на 100 витални клетки. Направена е корелација на добиените резултати со клиничко-патолошките параметри: пол, возраст, локализација на тумор, T,N,M-категорија, стадиум на болест, лимфатична и венска инвазија. Резултати: Од анализираните 152 пациенти со дијагностициран КРК, најмногу беа мажи 98 (64.47%) vs 54 (35.53%) жени. Возраста на пациентите беше во ранг од 34 до 89 години (просечна 68.4±11.3 години). Доминираа пациенти постари од 50 години – 137(90.13%). Анализата на колоректалните карциноми во однос на стадиумот на болеста потврди дека најчесто дијагностицирани случаи се во стадиум IIIB 35,53%, лимфатична инвазија кај 86,84% тумори додека венска инвазија кај 63,82% од туморите. Во оваа кохорта на пациенти, KRAS/NRAS-мутации беа детектирани кај 47(30.92%) пациенти, BRAF-мутации кај 11(7.24%) пациенти, со ММRd-статус беа најдени кај 15(9.87%) пациенти. BRAF-позитивните и негативните пациенти сигнификантно се разликуваа во однос на Т- класификацијата на туморот (p=0.009). Компарацијата на двете групи во однос на поединечните Т-категории потврди сигнификантно поретка застапеност на тумори со Т3-категорија во групата BRAF-позитивни пациенти (27.27% vs 65.96%, p=0.01), а сигнификантно почеста застапеност на тумори со 4b-категорија (45.45% vs 8.51%, p=0.0002). BRAF-мутацискиот статус беше сигнификантно различен во зависност од диференцираноста на туморот (p=0.022). Пациентите со потврдени мутации сигнификантно поретко имаа тумори со G2-категорија, односно умерено диференцирани тумори (45.45% vs 78.01%, p=0.015), додека сигнификантно почесто се дијагностицираа тумори со G3-категорија, односно лошо диференцирани тумори (54.55% vs 18.44%, p=0.0047). Не беше најдена сигнификантна корелација меѓу KRAS/NRAS-мутациите, ММR- статусот со клиничко-патолошките параметри. Левостраните тумори го сочинуваа мнозинството тумори кај HER2-позитивните и негативните пациенти (72.72% vs 81.48%). Во групата од 17 PDL1 позитивно дијагностицирани тумори, кај 10 од нив беа потврдени повеќе од 1% позитивни туморски клетки, кај 4 тумори беа детектирани повеќе од 10% туморски клетки, а кај 3 тумори, повеќе од 50% туморски клетки. Заклучок: Резултатите од ова истражување потврдуваат дека КРК најчесто се дијагностицира во напреднат стадиум IIIB, односно метастатски КРК. Тој има лоши прогностички параметри како лимфоваскуларна инвазија и висок градус. КРК е со доминантна локализација во левиот колон, најчесто во ректумот со висока фреквенција на KRAS/NRAS-мутации. Овие KRAS-мутации немаат сигнификантна корелација со стадиумот на болеста и T, N, M-категориите, ниту со градусот на туморот и лимфоваскуларната инвазија. Најголем дел од KRAS-мутациите беа најдени кај тумори со локализација во левиот колон, додека BRAF-мутациите покажаа сигнификантна корелација со локализација во десниот колон. Сигнификантна корелација со локализацијата на туморот во десниот колон покажаа и туморите со MMRd-статус. BRAF-мутациите сигнификантно корелираат со висока Т-категорија на туморот, односно подлабока инвазија во ѕидот, како и со повисок градус G3 на туморот и повисок стадиум на болестa III или IV. BRAF-мутациите немаат сигнификантна корелација со N, M-категоријата на туморот и лимфоваскуларната инвазија. Позитивна експресија на HER2 нема сигнификантна корелација со Т, N, M-категориите, градусот и лимфоваскуларната инвазија, како и BRAF-мутациите и MMR-статусот. Експресијата на HER2 е поврзана со локализација во левиот колон и KRAS-мутации. Позитивна експресија на PDL-1 нема сигнификантна корелација со Т, N, M-категориите, градусот и лимфоваскуларната инвазија, како и KRAS-мутациите и MMR-статусот. Експресија со cut off >50% е поврзана со негова локализација на десната страна, висок градус и BRAF-мутации."]},{"key":"dc:format","label":"Dc Format","values":["text"]},{"key":"dcterms:accessrights","label":"Dcterms Accessrights","values":["public"]},{"key":"dc:title","label":"Title","values":["Корелација на мутацискиот профил и микросателитската нестабилност како прогностички биомаркери за колоректален карцином и неговите клиничко-патолошки параметри"]}]}],"canonical_facts":{"dc:creator":["Krsteska, Blagica"],"dc:date":["2025-10-10"],"dc:date.issued":["2025-10"],"dc:description.abstract":["Вовед: Колоректалниот карцином (КРК) е трета најчеста малигна неоплазма во светот и втора водечка причина за смрт поврзана со карцином. КРК по инциденца е на второ место кај жените по карциномот на дојка и на трето место кај мажите по карциномот на простата и белите дробови. Најчест хистолошки тип е аденокарциномот кој се дели на повеќе поттипови кои имаат различен молекуларен профил и клиничка прогноза. Стадиумот на болеста заедно со другите прогностички параметри и молекуларните тестирања се од клучна важност за изборот на третманот и проценката на ризик од рецидив. Цел: Целта на оваа докторска дисертација е да се одредат мутациите на Kirsten rat sarcoma viral oncogene (KRAS), - Neuroblastoma RAS viral oncogene homolog ( NRAS), V-raf murine sarcoma viral oncogene homolog B1 (BRAF) кај КРК, да се одреди Mismatch repear (MMR) статусот кај пациенти со КРК, да се евалуира експресијата на Programmed death-ligand1 (PDL1) и Human epidermal growth factor receptor 2 (HER2) и да се корелираат со клиничко-патолошките параметри. Материјал и методи: Во оваа ретроспективно-проспективна студија се користени архивски материјали на парафински блокчиња од примероци од туморско ткиво на 152 пациенти со дијагностициран колоректален карцином во Лабораторијата за хистопатологија и цитологија во Клиничка болница „Аџибадем Систина“. За имунохистохемиска анализа, користени се следниве антитела: MLH1, PMS2, PSH2, MSH6, BRAF V600E, HER2, PDL-1, а дополнително се одредуваа и KRAS/ NRAS, BRAF-мутации со Cobas z 480. Експресијата на HER2 се евалуираше според HERACLES-препораките за скорирање. Експресијата на PDL-1 се одредуваше со TPS, односно процент на позитивни туморски клетки на 100 витални клетки. Направена е корелација на добиените резултати со клиничко-патолошките параметри: пол, возраст, локализација на тумор, T,N,M-категорија, стадиум на болест, лимфатична и венска инвазија. Резултати: Од анализираните 152 пациенти со дијагностициран КРК, најмногу беа мажи 98 (64.47%) vs 54 (35.53%) жени. Возраста на пациентите беше во ранг од 34 до 89 години (просечна 68.4±11.3 години). Доминираа пациенти постари од 50 години – 137(90.13%). Анализата на колоректалните карциноми во однос на стадиумот на болеста потврди дека најчесто дијагностицирани случаи се во стадиум IIIB 35,53%, лимфатична инвазија кај 86,84% тумори додека венска инвазија кај 63,82% од туморите. Во оваа кохорта на пациенти, KRAS/NRAS-мутации беа детектирани кај 47(30.92%) пациенти, BRAF-мутации кај 11(7.24%) пациенти, со ММRd-статус беа најдени кај 15(9.87%) пациенти. BRAF-позитивните и негативните пациенти сигнификантно се разликуваа во однос на Т- класификацијата на туморот (p=0.009). Компарацијата на двете групи во однос на поединечните Т-категории потврди сигнификантно поретка застапеност на тумори со Т3-категорија во групата BRAF-позитивни пациенти (27.27% vs 65.96%, p=0.01), а сигнификантно почеста застапеност на тумори со 4b-категорија (45.45% vs 8.51%, p=0.0002). BRAF-мутацискиот статус беше сигнификантно различен во зависност од диференцираноста на туморот (p=0.022). Пациентите со потврдени мутации сигнификантно поретко имаа тумори со G2-категорија, односно умерено диференцирани тумори (45.45% vs 78.01%, p=0.015), додека сигнификантно почесто се дијагностицираа тумори со G3-категорија, односно лошо диференцирани тумори (54.55% vs 18.44%, p=0.0047). Не беше најдена сигнификантна корелација меѓу KRAS/NRAS-мутациите, ММR- статусот со клиничко-патолошките параметри. Левостраните тумори го сочинуваа мнозинството тумори кај HER2-позитивните и негативните пациенти (72.72% vs 81.48%). Во групата од 17 PDL1 позитивно дијагностицирани тумори, кај 10 од нив беа потврдени повеќе од 1% позитивни туморски клетки, кај 4 тумори беа детектирани повеќе од 10% туморски клетки, а кај 3 тумори, повеќе од 50% туморски клетки. Заклучок: Резултатите од ова истражување потврдуваат дека КРК најчесто се дијагностицира во напреднат стадиум IIIB, односно метастатски КРК. Тој има лоши прогностички параметри како лимфоваскуларна инвазија и висок градус. КРК е со доминантна локализација во левиот колон, најчесто во ректумот со висока фреквенција на KRAS/NRAS-мутации. Овие KRAS-мутации немаат сигнификантна корелација со стадиумот на болеста и T, N, M-категориите, ниту со градусот на туморот и лимфоваскуларната инвазија. Најголем дел од KRAS-мутациите беа најдени кај тумори со локализација во левиот колон, додека BRAF-мутациите покажаа сигнификантна корелација со локализација во десниот колон. Сигнификантна корелација со локализацијата на туморот во десниот колон покажаа и туморите со MMRd-статус. BRAF-мутациите сигнификантно корелираат со висока Т-категорија на туморот, односно подлабока инвазија во ѕидот, како и со повисок градус G3 на туморот и повисок стадиум на болестa III или IV. BRAF-мутациите немаат сигнификантна корелација со N, M-категоријата на туморот и лимфоваскуларната инвазија. Позитивна експресија на HER2 нема сигнификантна корелација со Т, N, M-категориите, градусот и лимфоваскуларната инвазија, како и BRAF-мутациите и MMR-статусот. Експресијата на HER2 е поврзана со локализација во левиот колон и KRAS-мутации. Позитивна експресија на PDL-1 нема сигнификантна корелација со Т, N, M-категориите, градусот и лимфоваскуларната инвазија, како и KRAS-мутациите и MMR-статусот. Експресија со cut off >50% е поврзана со негова локализација на десната страна, висок градус и BRAF-мутации."],"dc:format":["text"],"dc:identifier.uri":["https://eprints.ugd.edu.mk/36462/"],"dc:language":["en"],"dc:publisher.department":["Faculty of medical sciences"],"dc:publisher.institution":["Goce Delcev University, Stip"],"dc:subject":["Basic medicine","Clinical medicine"],"dcterms:accessrights":["public"],"dc:title":["Корелација на мутацискиот профил и микросателитската нестабилност како прогностички биомаркери за колоректален карцином и неговите клиничко-патолошки параметри"],"dc:type":["Thesis"],"dc:type.qualificationlevel":["doctoral"],"dc:type.qualificationname":["phd"]},"updated_at":"2026-11-26T13:49:15Z"}