Univerzitet "Sv.Kiril i Metodij", Medicinski fakultet Skopje
Влијание на применетиот терапевтски третман врз раниот клинички тек кај пациенти со акутен миокарден инфаркт со СТ- сегмент елевација од источниот регион на Република Македонија
Abstract
dc:description.abstractКоронарната артериска болест, со нејзината доминантно препознатлива акутна клиничка манифестација – Акутниот миокарден инфаркт, продолжува да биде водечка причина за смрт во развиените, но уште повеќе во транзициските и земјите во развој. Дури 30% од годишната смртност на глобално ниво се должи на кардиоваскуларен морталитет, а значаен дел од него е морталитетот кој се јавува при акутен инфаркт на миокардот. Се предвидува дека до 2020 година ќе биде главна причина за смрт во целиот свет. (1,2) Миокардниот инфаркт преставува огромен општествен проблем, од медицински, социјален и економски карактер. Тој инволвира значаен медицински проблем, од аспект на што порана дијагноза и третман на болеста. Од друга страна, овие постапки вклучуваат современи и скапи терапевтски постапки, вклучително и постапка на повторно воспоставување на протокот во “инфарктната артерија” со перкутани коронарни интеревентни процедури. Во подоцнежната фаза секундарната превенција, лекувањето, потребата од хируршка миокардна реваскуларизација (која се јавува како нужност кај дел од пациентите) и медицинската рехабилитација претставуваат значаен економски товар, кој уште повеќе се зголемува доколку се знае дека овие пациенти имаат долги боледувања и предвремено пензионирање. Социјалниот момент е уште позначаен ако се надодаде фактот дека голем дел од овие пациенти имаат потреба и од социјална рехабилитација во периодот кој следува по акутната фаза на болеста. (3)
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Univerzitet "Sv.Kiril i Metodij", Medicinski fakultet Skopje
- Year dc:date.issued
- 2011
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Kamceva, Gordana
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/10237/