Goce Delcev University, Stip
Примената на молекуларно-биолошките техники при одредување на генетската предиспозиција за дијабетес мелитус
Abstract
dc:description.abstractДијабетес мелитус (ДМ) или честопати означен само како дијабетес, претставува една група метаболички болести во кои личноста има високо ниво на шеќер во крвта, или поради тоа што телото не создава доволно инсулин, или затоа што клетките не одговараат на инсулинот што е создаден. Бидејќи дијабетесот претставува болест на модерното време, целта на овој труд е: проценка на степенот на популацијата заболени со дијабетес мелитус; да се проследи застапеноста на дијабетес мелитус во општата популација; да се проследи клиничкиот тек; да се наведат дијагностичките процедури за дијабетес мелитус; компликациите кај дијабетес мелитус; улогата на лаборантот и следењето на лабораториските анализи; колку оваа болест е наследна кај популацијата. Како материјал се користени податоци добиени од пациентите во ПЗУ “МТ Александар“ во Струмица, поточно медицинската документација што дава информации за иследувањата на група испитаници – матични пациенти заболени од дијабетес, нивното праќање во специјализирани институции, за нивно дијагностицирање и поставување соодветна терапија, како и анамнестичките податоци. Во нашата амбуланта “МТ Александар“ што опфаќа 6.000 пациенти, откриено е дека од нив, до 2012 година има 314 пациенти со дијабетес. Бројот на пациентите заболени од дијабетес мелитус постепено се зголемува со текот на годините, а со тоа и нивната процентуална застапеност во однос на останатите пациенти. Како резултат на горенаведените анализи и иследувања се доаѓа до заклучок дека дијабетес мелитус е се повеќе застапен кај нас, но и во другите земји.
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University, Stip
- Year dc:date.issued
- 2013
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Paskova, Dobrila
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/10311/