Abstract
dc:description.abstractМускулно-скелетниот систем претставува најголемиот конзуматор на енергија, но во исто време и најголемиот извор на болка, непријатности и намалување на способноста. Телесните дисфункции можат да бидат општи или локализирани, конкретни, или рефлекторни, акутни или хронични. За определување на болката е потребно конкретно насочување на засегната област, ткиво или структура. Задолжителен услов за адекватна мускулно-слекетна кинезитерапија е тесната врска помеѓу науката и праксата. Цервикалниот дел од ’рбетниот столб има предиспозиција за значителни динамични и статични натоварувања поради својата голема подвижност. ‘Рбетниот столб често е трауматизиран, а повредата е значителен етиолошки фактор за вертеброгени нарушувања. Неправилното држење на телото, зголеменото статично натоварување, мускулниот хипертонус и функционалните блокади предизвикуваат намалена подвижност на цервикалниот дел, главоболка со иридација на болката кон слепоочниците, вртоглавица, чувство на вкочанетост и тежина на рамениот појас. Предмет на оваа студија се 20 испитаника (13 жени и 7 мажи) со средна возраст 43,5 години. Добиените резултати од спроведената мануелна терапија демонстрираат нормализирање на нарушените функции на цервикалниот дел, редукција на мускулниот дисбаланс, намалување на субјективната симптоматика како и на болковата симптоматика.
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University, Stip
- Year dc:date.issued
- 2013
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Kolevska, Monika
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/10320/