Goce Delcev University, Stip
Вистинско и псевдолидерство - карактеристики, препознавање и соодветно однесување
Abstract
dc:description.abstractУспехот на секоја организација се потпира на квалитетот на лидерството, а лидерите се пред постојан предизвик да ја трансформираат својата визија во акција за постигнување на високи перформанси и остварување на целите на организацијата. Предмет на овој научноистражувачки труд претставува проучувањето на вредностите што ги поседува лидерот, односно што ги преферира, кои му се неопходни во неговата улога при развојот на пазарот на труд, а со тоа и синтетизирање на проучувањата и давањата на својот придонес за креирање на ефикасна, ефективна и пријатна средина во организацијата. Основната цел на ова истражување е да се согледа значењето на организациското однесување на вистинскиот лидер и псевдолидерот, преферирањето на етичките норми во работната средина, за поддршка на вистинските лидери и дистанцирање од псевдолидерите. Вистинскиот лидер се фокусира на соработка, доверба, тимска работа, партиципација на вработените во донесувањето на заедничките одлуки, ги мотивира, создава пријатна работна атмосфера и создава добри меѓучовечки односи во организацијата. Додека псевдолидерот и неговата погрешна перцепција, несоодветното однесување, непријателската и неетичка комуникација ја намалуваат продуктивноста на вработените и на организацијата. Добиените резултати само го потврдија фактот дека нашите организации многу малку придонесуваат во врска со обуката и развојот на вистинското лидерство во организациите. „Вистинско и псевдолидерство – основни карактеристики, препознавање и соодветно однесување“ 5 Оваа состојба што во моментот е актуелна зазема голем замав и многу земји преземаат законски активности против психичкото малтретирање на псевдолидерите, со оглед на тоа што ова претставува негативна појава и во нашата земја е потребно да донесе закон кој на вработените ќе им обезбеди поголема заштита од психичко малтретирање на работното место. вистински лидер, вработени, псевдолидер, однесување, вредности, ставови, препознавање.
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University, Stip
- Year dc:date.issued
- 2013
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Feneva, Natasa
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/10326/