Goce Delcev University, Stip
Сличности и разлики на православното христијанство со римокатоличкото
Abstract
dc:description.abstractВо светот постојат многу различни религии кои се разликуваат по своите темелни учења за сфаќањето на Бог или боговите, по обредите и прописите, но, сепак, сите тие имаат неколку темелни заеднички црти кои ни овозможуваат да ја откриеме нивната заедничка основа и суштина. Званично, христијанството е религија која настанува во I век од новата ера. Поточно, годината на раѓањето на Исус Христос претставува година на новото сметање на времето. Но, слободно може да се каже дека темелите на христијанството се поставени 2000 години пред новата ера, со појавата на Аврам, Исак и Јаков. Основните учење на првославната црква се изнесени во Симболот на верата кој е усвоен на Вселенските собори во првите векови на христијанството и биле задолжителни за целата црква. Подоцна дошло до промена на делови од Симболот на верата од страна на западниот дел на црквата и нејзино напуштање на евхаристијската заедница со источниот дел на црквата во 1054 година. Светите тајни се средства на нашето осветување или: од Бога востановени свештенодејствија преку кои на верните на видлив начин им се дава Божјата благодат. Светите тајни се наоѓаат во црквата и се неопходни за спасение, затоа што преку нив се дава благодат како спасувачка сила, која дејствува на човекот и изгонува сè што е грешно и нечисто.
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University, Stip
- Year dc:date.issued
- 2013
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Jovanova-Dimitrova, Daniela
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/10374/