Abstract
dc:description.abstractАктивното учество на оштетениот во кривичната постапка е од значење за остварување на нејзината цел – правилно и целосно утврдување на фактичката положба, ефикасност на постапката, обезбедување на правата на оштетениот, пред се негова морална и материјална сатисфакција. Јавниот интерес за гонење на сторителот на кривично дело може да биде оштетен заради (случајно или намерно ) неправедно изостанување на активност на јавниот обвинител. Неправилното или незаконито постапување на јавниот обвинител носи последици за оштетениот бидејќи го оневозможува во остварувањето на неговото имотно-правно побарување во кривичната постапка, лоша основа за остварување на неговото побарување во граѓанска постапка, и го лишува од моралното право на законито и правично гонење на сторителот на кривично дело со кое е оштетен, а самиот не може да води постапка. Давањето на определени овластувања на оштетениот, под определени услови и под судска контрола, да покренува или продолжува кривично гонење од кое јавниот обвинител се откажал, претставува коректив на неправилно или незаконито постапување на јавниот обвинител. Една од карактеристиките на развојот на кривичното процесно право во Република Македонија беше постојаното унапредување и подобрување на положбата на оштетениот во кривичната постапка. Со секоја новина и измена на процесните одредби се подобруваше положбата на оштетениот, му се признаваа нови или се прошируваа постојните права и овластувања. Новиот концепт на Законот за кривична постапка целосно го напушти институтoт супсидијарна тужба, која за оштетниот од секогаш претставуваше јасно определено право на активно учество во кривичната постапка, што 1 суштински ги загрозува правата на оштетениот како субјект на кривичната постапка. Во овој труд ќе докажам дека, можеби со преминувањето на истражната функција од судот во јавното обвинителство супсидијарното тужење станува беспредметно и дека, со оглед на ефектите од досегашната употреба на овој институт и не ретката злоупотреба на истиот, ова решение можеби е и оправдано, но дека целосното одземање на судската заштита на правото на oштетениот да се јави како коректив на одлуката на јавниот обвинител во откажување од кривично гонење, ја маргинализира улогата на оштетениот во кривичната постапка па затоа треба да се бара посоодветно решение, во смисла да се зачува овој институт со определени корекции, или пак механизмот на заштита на правото на оштетениот на активно учество во постапката да се засили со судска контрола.
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University, Stip
- Year dc:date.issued
- 2014
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Milevska, Suzana
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/10378/