Goce Delcev University, Stip
Структурална и функционална анализа на политичките партии во Република Македонија
Abstract
dc:description.abstractПолитичките партии ја имаат најголемата функција во процесот на претставување на интересите на граѓаните, креирањето на власта и регрутацијата на кадри во вршењето на јавните функции. Од големо значење за демократизацијата на политичкиот систем на Република Македонија, како и за ефикасноста во процесот на одлучување во државните институции, е организационата поставеност на политичките партии како основни фундаменти на политичкиот живот во државата. Токму оваа поставеност е предмет на анализа во овој труд и истата е направена од неколку аспекти. Тука е вклучена анализата на структурата и функционирањето на политичките партии како најважен аспект кој- што дава најрелевантни информации за тоа каква е реалната поставеност на политичките партии, каков демократски амбиент владее во нив, каков е односот помеѓу партиските акти и теориската дефинираност на партиите содржана во овие акти, од една страна, и функционирањето на партиите во пракса, од друга страна. Исто така, направена е анализа на некои други многу важни елементи коишто оставиле трага во функционирањето, а кои се содржани во севкупното делување на политичките партии во текот на периодот на плурално живеење во Република Македонија. Истражувањата се правени од декември 2011 година па сè до крајот на јуни 2012 година.
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University, Stip
- Year dc:date.issued
- 2013
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Pop Arsov, Petar
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/10418/