Goce Delcev University, Stip
Анализа на веб логови со примена на техники за податочно рударење
Abstract
dc:description.abstractДенес WWW(World Wide Web) сервисот не се смета само како мрежа за собирање податоци, купување продукти и добивање услуги, туку како и социјална средина за интеракција и споделување на информациите. Бројот на вебстраниците продолжува да расте и станува се повеќе тешко за корисниците да ги најдат и извлечат корисните информациите. Како решение на овој проблем во последната декада е податочното рударење. Целта на оваа теза е со помош на техники за податочно рударење да се утврди дали постојат какви било шеми, врски и законитост во податоците за пристап на вебстраниците за веблокацијата на Секретаријатот за европски прашања. Конкретно, оваа теза истражува дали има какви било разлики во шемите за пристап помеѓу: (1) Посетители од Македонија и посетители надвор од Македонија, (2) Посетители од Секретаријатот за европски прашања и посетители надвор од Секретаријатот за европски прашања, (3) Посетители од Секретаријатот за европски прашања и посетители надвор од Секретаријатот за европски прашања, во Република Македонија. Во текот на истражувањето беа користени различни техники на податочно рударење како што се класификациски правила, асоцијативни правила, групирање(кластерирање) и атрибутивна селекција и истите ќе бидат користени со четири различни групи на функции. Целокупниот процес на откривање на шемата беше поделен на три главни чекори: (1) Идентификација на трансакција и издвојување на групи на карактеристики (2) Пронаоѓање на шеми за пристап и (3) Анализа на откриени шеми за нивните интереси. Откривањето на шемите како и нивното значење во текот на работењето на оваа теза сугерира дека техниките за податочно рударење со соодветните групи на функции може да произведе многу интересни шеми. Клучни зборови: податочно рударење, веб рударење, веб дненици за пристап, кориснички пристапи.
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University, Stip
- Year dc:date.issued
- 2013
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Velkoski, Marjan
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/10426/