Goce Delcev University, Stip
Деформитети на 'рбетниот столб кај децата и нивна рехабилитација и третман во Општина Штип во период 2010-2012 година
Abstract
dc:description.abstractИсправената положба на човекот е услов за непрекинато одржување на рамнотежа помеѓу паравертебралната мускулатура и центрипеталната сила. За да се одржи исправената положба кај човекот во текот на еволуцијата, се развиле физиолошки кривини гледани во сагитална рамнина: лордоза во вратниот и лумбалниот дел на 'рбетниот столб и кифоза во торакалниот дел на 'рбетниот столб. Додека 'рбетниот столб гледан во фронтална рамнина треба да е рамна вертикална линија. Овие кривини во физиолошка граница се нормална појава, додека нивно зголемување или намалување се смета за патолошко. Во оваа тема подетелно се обработува и се објаснува кинезитерапевтскиот третман кај деформитети на 'рбетниот столб како и превенција и лечење на дисфункцијата на локомоторниот систем кај млади лица во периодот на раст и развој. Промените на 'рбетниот столб кои водат кон деформитети најчесто се однесуваат на лошото држење на телото, кое не било на време откриено. За да се спречат влошувањата како и за подобрување на лечењето, голема улога има кинезитерапевтската програма на вежби кои се состојат од вежби за загревање, дишење, истегнување, зајакнување и оперативно лекување. Клучни зборови кифоза,сколиоза,лордоза,кинезитерапија,вежби,превенција
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- other
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University, Stip
- Year dc:date.issued
- 2014
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Pleskov, Darko
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/11230/