Back to search

Природно-математички факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје

Атмосферската депозиција на тешки метали во околината на рудникот и флотација за бакар „Бучим“, Радовиш, Република Македонија

Abstract

dc:description.abstract

Во магистерската работа се презентирани резултатите од извршените испитувања на атмосферското загадување во околината на рудникот и флотацијата за бакар „Бучим“ близу Радовиш, Р. Македонија. Изложеноста на рудничката и флотационата јаловина на воздух и влага доведува до појава на повисоки содржини на бакар и други тешки метали во околината. Применет е биомониторинг со мовови и лишаи, како и со примероци на прав од поткровни греди и седиментна прашина. Определувањето на содржините на елементите е вршено со примена на пламената и електротермичката атомската апсорпциона спектрометрија и атомска емисиона спектрометрија со индуктивно спрегната плазма. Добиените вредности за содржините на Cu покажуваат значително високи вредности во сите типови примероци земени од поблиската околина на рудникот Бучим. Вредностите на медијаната за содржината на Cu во примероците од мов од целата испитувана област (10 mg kg-1) е пониска од онаа за целата територија на Р. Македонија (22 mg kg-1), што укажува на тоа дека поширокиот регион не е засегнат од работата на рудникот. Вредностите за содржината на Cu во мовови земени во непосредната околина на рудникот и флотацијата (91 mg kg-1) со оние за содржината на бакар за Македонија, се добива фактор на зголемување од околу 5 пати. Слични резултати се добиени од сите типови на примероци од спроведениот мониторинг. Картите на депозиција само го потврдуваат фактот за влијанието на активностите во рудникот врз загадувањето на воздухот во блиската околина на рудникот.

Degree

thesis:*
Level dc:type.qualificationlevel
masters
Grantor dc:publisher.institution
Природно-математички факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје
Year dc:date.issued
2010

Author and committee

dc:creator, dc:contributor.*
Author dc:creator
  • Balabanova, Biljana

Subjects

dc:subject × 3

Rights

Language dc:language
en

Identifiers

dc:identifier.*
Repository record dc:identifier.uri
https://eprints.ugd.edu.mk/11430/

Chain of custody

source
Harvested from
University of Goce Delcev
Base URL
eprints.ugd.edu.mk/cgi/oai2
Last updated
2026-11-26
Source record
OAI-PMH GetRecord
citation

Balabanova, Biljana. Атмосферската депозиција на тешки метали во околината на рудникот и флотација за бакар „Бучим“, Радовиш, Република Македонија. masters thesis, Природно-математички факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, 2010. https://eprints.ugd.edu.mk/11430/