Back to search

Goce Delcev University, Stip

Улога на мануелната терапија во рехабилитација на лумбален синдром

Abstract

dc:description.abstract

Лумбосакралниот дел од грбот и долните екстремитети генерално се гледаат како два изолирани региони, сепак, постојат многу автори кои веруваат дека овие два региона се функционално поврзани. Ова се должи на двата региони кои се поврзани едни со други преку кинематички синџир на долните екстремитети. Лумбалениот дел од 'рбетот е врската помеѓу долните екстремитети и трупот и игра значајна улога во трансферот на силите низ телото преку кинематичкиот синџир. Лубалниот дел од ’рбетниот столб представува завршен дел од осовинскиот скелет и има различни функции во организмот. Така да основната улога на овај дел од ’рбетниот столб е да го држи стабилен, и да ја носи тежината на горниот дел од телото која што рамномерно ја пренесува на карличниот појас и долните екстремитети, а зголемената површина на пршлените е во функција на подносување и амортизација на што поголемо статичко оптеретување. Бидејќи на овој дел од ’рбетот нема припојани ребра, лумбалната регија има релативно широк обем на движење. Од друга страна, лумбалниот дел на ’рбетот служи за сместување на cauda equina како завршен дел на ’рбетниот мозок од која што излегуваат нерви кои ја инервираат лумбалната регија и долните екстремитети. Како што веќе споменавме дека пршлените во лумбалниот дел од ’рбетниот столб се со зголемена површина и најподвижни, исто така и оптеретувањето на нив е најголемо. Како резултат на тоа и најчестите болки и проблеми кои што се поврзани со ’рбетниот столб се наоѓаат во лумбаната регија. Неправилното држење на телото, зголеменото статично оптоварување, мускулниот хипертонус и функционалните блокади предизвикуваат ограничување на движењета во лумбалната регија кои се придружени со болка која што може да иридира до колковите и по должината на долните екстремитети. Предмет на оваа студија се 39 индивидуи кои се лекувани и испитувани (24 мажи и 15 жени) со симптоми на болка и функционална блокада во лумбосакралната област. Добиените резултати од спроведената мануелна 4 тарапија укажуваат дека нашата предложена метода на лечење помага за деблокирање на пршлените во лумбосакралната област, совладување на балансот помеѓу статичната и динамичната мускулатура, како и за симетричноста во оптеретувањето на долните екстемитети, за нормализирање на одењето и стоењето, за излекување на спонатанта болка и болката која е провоцирана во тригер точките во лумбосакралната мускулатура. Клучни зборови : болка, кинезитерапија, хипертонус, блокада, мобилизација Цел на истажувањето: Целта на специјалистичкиот труд е да ги проучиме методите и ефектите на мануелната терапија кај пациенти со хронична болка во лумбалниот дел.

Degree

thesis:*
Level dc:type.qualificationlevel
other
Grantor dc:publisher.institution
Goce Delcev University, Stip
Year dc:date.issued
2015

Author and committee

dc:creator, dc:contributor.*
Author dc:creator
  • Siskoski, Mihail

Subjects

dc:subject × 1

Rights

Language dc:language
en

Identifiers

dc:identifier.*
Repository record dc:identifier.uri
https://eprints.ugd.edu.mk/12580/

Chain of custody

source
Harvested from
University of Goce Delcev
Base URL
eprints.ugd.edu.mk/cgi/oai2
Last updated
2026-11-26
Source record
OAI-PMH GetRecord
citation

Siskoski, Mihail. Улога на мануелната терапија во рехабилитација на лумбален синдром. other thesis, Goce Delcev University, Stip, 2015. https://eprints.ugd.edu.mk/12580/