Back to search

Универзитет„ Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Филозофски факултет

Разликите во образовните постигнувања по етничка основа кај учениците во основните училишта во општина Штип, Кочани и Радовиш

Abstract

dc:description.abstract

Да се пишува за образованието, како еден од непроценливите фактори за развојот на личноста и општеството во целина, за мене претставуваше научен предизвик. Образованието претставува комплексен и мошне актуелен проблем, кој е од витално значење за социјалниот развој. Посебно, основното образование кое претставува темел за доживотно учење на кое се надоградуваат натамошните нивоа и видови образование. Самото основно образование е детерминирано од многу фактори, услови и односи кои се динамични, менливи, развојни, па затоа и потребата од нивно постојано следење и проучување е неминовна. Република Македонија како мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална држава, преку својата легислатива, им обезбедува остварување, како на индивидуалните така и на колективните права на етничките заедници. Во тој корпус на етнички права спаѓа и правото на образование на етничките заедници. Но, и покрај тоа што легислативата нуди нормални предуслови за образование на етничките заедници, во РМ понатаму нема нивна задоволителна вклученост во образовниот систем, и онаму каде што се застапени, нивните постигнувања се на многу ниско ниво. Оттука се појави инспирацијата и идејата за изработка на труд со тема: „Разлики во образовните постигнувања по етничка основа кај учениците во основните училишта во општина Штип, Кочани и Радовиш“, се со цел, да се испита дали постојат разлики во образовните постигнувања кај учениците по етничка основа како и комплетно да се истражат и научно анализираат факторите кои влијаат врз нивните образовни постигнувања. Трудот претставува еден вид на согледување и предочување на факторите кои влијаат врз квалитетот на образовните постигнувања кај учениците од различна етничка припадност.

Degree

thesis:*
Level dc:type.qualificationlevel
masters
Grantor dc:publisher.institution
Универзитет„ Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Филозофски факултет
Year dc:date.issued
2010

Author and committee

dc:creator, dc:contributor.*
Author dc:creator
  • Koceva, Daniela

Subjects

dc:subject × 2

Rights

Language dc:language
en

Identifiers

dc:identifier.*
Repository record dc:identifier.uri
https://eprints.ugd.edu.mk/12640/

Chain of custody

source
Harvested from
University of Goce Delcev
Base URL
eprints.ugd.edu.mk/cgi/oai2
Last updated
2026-11-26
Source record
OAI-PMH GetRecord
citation

Koceva, Daniela. Разликите во образовните постигнувања по етничка основа кај учениците во основните училишта во општина Штип, Кочани и Радовиш. masters thesis, Универзитет„ Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Филозофски факултет, 2010. https://eprints.ugd.edu.mk/12640/