Goce Delcev University, Stip
Управување со кредитен ризик кај комерцијалното банкарство
Abstract
dc:description.abstractКредитниот ризик е најдоминантен банкарски ризик и претставува основа на банкарското работење, тој е содржан во сите кредитни производи. Кредитниот ризик се јавува кога комитентот не е во можност да ги измирува своите обврски спрема банката, во договорениот износ или во договорените рокови. Успешното управување со кредитниот ризик претставува една од основните активности на финансиските институции, бидејќи на тој начин се следат сите активности што имаат ризичен профил. Процесите на идентификација, мерење, мониторинг и контролирање на ризикот овозможуваат лицето што презема ризик или управува со него јасно да го согледа тој ризик и последиците кои произлегуваат од него. Одлуките коишто се донесуваат за преземање на ризикот треба да се во целосна согласност со деловната стратегија и целите што се определени од менаџментот и да бидат експлицитни и јасно поставени, на тој начин добивката што се очекува да се оствари од преземениот ризик треба да биде адекватна компензација за преземениот ризик, исто така банките треба да поседуваат доволно капитал со кој би се амортизирал преземениот ризик. Клучни зборови: кредитен ризик, банка, комитент, обврски, побарувања,
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University, Stip
- Year dc:date.issued
- 2015
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Karcova, Maja
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/12911/