Goce Delcev University - Stip
Дизајн на мобилна интерактивна апликација за едукација на деца од предучилишна возраст
Abstract
dc:description.abstractДенес, уредите како мобилните телефони, PDA- уредите и таблетите, се целосно интегрирани во нашиот живот. Децата се изложени на многу рана возраст на овие нови технологии кои влијаат на начинот на кој тие учат. Учењето преку играње игри, предизвикува најголем интерес кај децата, особено кај децата од предучилишна возраст. Истражувањата покажуваат дека учењето преку игра има позитивен ефект врз квалитетот на учењето. Но, постојат некои специфики кои мора да се земат во предвид при дизајнирање на едукативни игри за децата од предучилишна возраст. Магистерскиот труд е работен во насока на изработка на мобилна едукативна и интерактивна апликација, која ќе се користи за едукација на деца од предучилишна возраст. Оваа апликација е составена од два модули и направена за андроид оперативниот систем, со користење на OpenGL ES 1.0 верзијата којашто ја поддржуваат сите Андроид-уреди. Во рамките на магистерскиот труд, дефиниран е поимот учење, опишани се теориите на учење, како и архитектурата на Андроид- апликацијата, нејзините основни компоненти и сите нејзини функционалности. По пат на истражување, спроведено кај деца од предучилишна возраст каде се користи претходно споменатата апликација, добиени се резултати кои овозможија да се добие слика за ваквиот тип на учење.Преку добиените резултати од експерименталните мерења, се доаѓа до заклучок дека соодветно дизајнираните игри за деца од предучилишна возраст ги мотивираат децата, интересни се, забавни и децата од оваа возрасна група сакаат да го практикуваат ваквиот начин на учење почесто, а покрај тоа имаат и позитивен ефект врз подобрување на меморијата и координирањето на моторните способности. Клучни поими: учење, едукативни игри, андроид апликација
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University - Stip
- Year dc:date.issued
- 2015
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Stojanova, Ivana
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/13174/