Goce Delcev University - Stip
Прилагодување на туристичкиот производ на современите тенденции во туризмот во Р. Македонија
Abstract
dc:description.abstractТуризмот претставува соодветен феномен на современата цивилизација. Тој веќе во практика зазема забележително место, бидејки се смета за една од најмасовните појави воопшто во историјата на човечкото постоење. Многу е полесно да се согледаат неговите практични карактеристики, одошто да се протолкува од научна гледна точка. Токму таа тешкотија претставува предизвик за негово проучување. Тој е проучуван од повеќе аспекти, а исто така вршени се и фундаментални и апликативни истражувања. Како важна гранка во крајот на дваесеттиот и почетокот на дваесет и првиот век, туризмот по сите релевантни индикатори е една од водечките позиции во светската економија, како по туристичкиот сообраќај, бројот на вработени, учеството во општествените производи, националниот доход, така и по девизниот прилив и вкупната потрошувачка застанал рамо до рамо со досега водечките гранки како што се нафтата и автомобилската индустрија. Туризмот стана светски феномен, и составен дел од животот на доминантното население во светот. Денес во услови на современиот живот, луѓето се повеќе изложени на стрес и замор, како на работа така и во домашна атмосфера, со зголемувањето на урбанизацијата и загадувањето на животната средина, туристичките потреби можат да се класифицираат во основни потреби за егзистенција на човековите потреби. Со зголемувањето на животниот стандард на луѓето, слободните парични средства, како и слободното време, туризмот почнува да добива значење во светски размер.
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University - Stip
- Year dc:date.issued
- 2015
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Hubreva, Aleksandra
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/13176/