Back to search

Goce Delcev University - Stip

Влијание на користењето на образовниот софтвер по математика во основното образование во функција на унапредување на работата со надарени ученици

Abstract

dc:description.abstract

Математиката и поедноставувањето на решавањето на задачи е предмет на студирање со години. Математичарите се во потрага на изнаоѓање на методи кои ќе го олеснат разбирањето на математичките поими, а со развојот на компјутерската технологија се развиваат и математичките едукативни програми. Нивна задача е да ја поттикнат креативноста на учениците и да го поедностават разбирањето на математичките концепти. Учењето се подобрува преку примена на современи методи и техники на работа и токму во таа функција е примената на компјутерската технологија и образовниот софтвер1. За да се утврди стекнатото знаење и ефектот од наставата, треба да се следат активностите на учениците и да се добие повратна информација. Особено за математиката како наука, ако ученикот во порана возраст поефикасно ги совладува поимите, тогаш тој ќе биде поуспешен во погорните одделенија. Исто така со користењето на софтвер во наставата по математика на учениците им се внесува поголема мотивација и интерес. Така на пример SMART таблата и користењето на софтверот SMART Notebook го привлече вниманието и на учениците и на родителите. Но она што наставниците ги интересираше, е дали има ефект при совладувањето на наставата, освен привлекувањето на внимание и посветеност на предметот математика што е очигледно при изведувањето на наставата. Колкава и да е вештината на наставникот, тој не може да ги претстави формите и боите кои треба еден ученик да ги осознае за да добие добра основа од математиката и да нема потешкотии во повисоките одделенија. Компјутеризацијата во основните училишта во Р.Македонија и слободен образовен софтвер кој е достапен за учениците, дадоа придонес за унапредување на наставата по математика. Таков е образовниот софтвер ГеоГебра. Низ анализа од примена во ООУ. „Страшо Пинџур” – Кавадарци, се согледуваат некои ефекти од користење на овој софтвер. Клучни зборови: математика, софтвер, ГЕОГЕБРА, технологија, компјутеризација, мултимедија

Degree

thesis:*
Level dc:type.qualificationlevel
masters
Grantor dc:publisher.institution
Goce Delcev University - Stip
Year dc:date.issued
2015

Author and committee

dc:creator, dc:contributor.*
Author dc:creator
  • Spandzova, Marika

Subjects

dc:subject × 1

Rights

Language dc:language
en

Identifiers

dc:identifier.*
Repository record dc:identifier.uri
https://eprints.ugd.edu.mk/13179/

Chain of custody

source
Harvested from
University of Goce Delcev
Base URL
eprints.ugd.edu.mk/cgi/oai2
Last updated
2026-11-26
Source record
OAI-PMH GetRecord
citation

Spandzova, Marika. Влијание на користењето на образовниот софтвер по математика во основното образование во функција на унапредување на работата со надарени ученици. masters thesis, Goce Delcev University - Stip, 2015. https://eprints.ugd.edu.mk/13179/