Goce Delcev University, Stip
„Пластични деформации на флексибилните коловозни конструкции на површини со посебен режим на сообраќај во Град Скопје“
Abstract
dc:description.abstractСо зголемување на сообраќајот и сообраќајното оптоварување се појавуваат услови за оштетување на коловозната конструкција на сообраќајниците, а особено кај сообраќајниците со посебен режим на сообраќај. Промената на климатските услови (лето со високи температури и зима со многу ниски температури), исто така се битен фактор врз трајноста на употребливоста на коловозната конструкција. Оштетената коловозната конструкција предизвикува зголемување на експлоатационите трошоци, намалување на комфорот при патување и го зголемува ризикот од сообраќајни несреќи. Во оваа магистерска работа, најпрво е продискутирано за односот, оштетен коловоз – зголемување на експлоатационите трошоци и констатирано е дека квалитетот на коловозната конструкција е од големо значење за намалување на овие трошоци. Потоа, подетално се разгледани причините кои доведуваат до оштетување на коловозната конструкција, како и карактеристиките на материјалите што се вградуваат во коловозната конструкција. Направена е детална анализа на влијанието на: рецептурата, времето на вградување, временскиот период од денот на вградување, зголеменото сообраќајно оптоварување на коловозните конструкции. По константираните деформации и оштетувања на крстосницата „Момин Поток“, во 2008 година проектирана и извршена е рехабилитација и се извршени нулти мерења. По изминатиот експлоатационен период од 6 години во 2014 година се извршени повторни мерења на рамноста и е извршена компарација на двете состојби – мерења, а се презентирани и резултатите (нумерички и графички). На крајот, во рамките на оваа магистерска работа во прилог се дадени фотографии на оштетувања на коловозите од разгледуваната крстосница, од чии фотографии се гледа моменталната состојба на крстосницата во однос на оштетувањето на коловозната површина и сообраќајното оптоварување на истата.
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University, Stip
- Year dc:date.issued
- 2014
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Kcev, Blagoj
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/13257/