Goce Delcev University, Stip
Тешки и токсични метали во подземните води на Радовишка котлина
Abstract
dc:description.abstractВо рамките на овој труд ќе бидат прикажани резултатите од најновите испитувања на содржината на тешките и токсични метали, физичките параметри, катјонските и анјонските содржини во подземните води во Радовишка котлина. Од групата на тешки и токсични метали кои се испитувани одредени се содржините на: Al, As, Fe, Cu, B, Ba, Mn, Ni, Pb, Sr, V, Zn. Одредувањето на тешките и токсични метали е работено со методата ICP-AES (атомска емисиона спектрометрија со индуктивно спрегната плазма). Во поголем број од пробите, тешките и токсични метали не ја надминуваат дoзволената граница на МДК и Европската регулатива. Испитувањата покажаа дека температурата на испитуваните води е во опсег од 8—23 ⁰C, измераните вредности за pH на анализираните води се во границите од 6,2—8,0. Измераните вредности на ТDS во испитуваните води се движат во опсег од минимална вредност 326 mg/L-1, до максимална вредност од 2252 mg/L-1. Одредената тврдина е во опсег од 18 до 138 ⁰dH. Опсегот од оредени концентрации на алкалноста се движи од минимална 68 mg/L-1 до максимална 540 mg/L-1. Хлоридите се одредени во концентрационен опсег од минимална 17 mg/L-1 до максимална 241mg/L-1. Концентрациониот опсег за сулфатите во испитуваните води е од минимална 14,6 mg/L-1 до максимална 535 mg/L-1. Добиените резултати од мерењата на концентрациите во растворениот фосфор се движат од минимални 0,011 mg/L-1 до екстремно високи вредности 4,62 mg/L-1. Опсегот од одредените концентрации за нитратните анјони е од минимална вредност 4,6 mg/L-1 с. Горно Ињево Б-7, до максимална 477 mg/L-1, во с. Горно Ињево Б-9 со медијана 85 mg/L,-1 a нитритите се движат до максимална концентрација од 0,12 mg/L-1. Амониум јоните се детектирани со максимални коцентрации од 0,0579 mg/L-1. За оваа цел се земени 67 проби од предходно внимателно избрaни мерни пунктови, кои би дале репрезентативна слика за квалитетот на подземните води. Определувањето на хемискиот состав на подземните води е од посебно значење за водоснабдување на овие населени места во Радовишка котлина.
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University, Stip
- Year dc:date.issued
- 2015
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Bozinov, Zoranco
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/13843/