Goce Delcev University, Stip
Примена на економско-математички модели за процена на невработеноста на младите во Република Македонија
Abstract
dc:description.abstractНевработеноста, моментално, е еден од најголемите економски и социјални проблеми. Потрагата по стратегии за намалување на бројот на невработени стана една од најважните теми за дискусија. Се бараат решенија за да се намали бројот на невработените и да се создадат нови можности за вработување. Се користат најразлични методи и модели со кои би се дошло до вистинското решение со цел да се добие посакуваниот успех. Имено, во овој магистерски труд се анализираат економско-математичките модели за намалување на проблемот на невработеност во Република Македонија. Покрај математичката обработка и анализа, овој труд е поткрепен и со теориски основи за проблемот. Теоретската основа на магистерскиот труд ги разработува и анализира сите прашања за невработеноста, почнувајќи од поимот за невработеност, па сѐ до креирањето на политиките во правец на решавање на долгогодишниот проблем кој е доста проширен на целата територија на земјава. Исто така, математичката основа и теорија дава увид во деталната разработка на применетите математички модели за решавање на овој економски проблем. Последниот дел од магистерскиот труд ги опфаќа трите студии на случај. Првата и втората студија на случај е направена за да се изврши предвидување или процена на движењето на бројот на невработени млади лица за идниот одреден период со примената на методот на линеарен, односно експоненцијален тренд. Третата студија на случај е направена за да се утврди кои фактори имаат влијание врз невработеноста со примената на методот на факторска анализа.
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University, Stip
- Year dc:date.issued
- 2015
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Mitreva, Elena
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/13844/