Goce Delcev University, Stip
Повеќекритериумско одлучување во процесот на селекција и евалуација – примена на методот на АХП (аналитички хиерархиски процеси)
Abstract
dc:description.abstractВо многу инженерски проблеми финалната одлука е базирана на евалуација на голем број на алтернативи и критериуми. Овие проблеми може да станат многу тешки кога критериумите се изразени во различни единици или се релативни податоци коишто е тешко да бидат измерени. Методот аналитички хиерархиски процеси (АХП) претставува ефикасен пристап во справувањето со ваквите видови на проблеми за одлучување. Овој магистерски труд испитува некои од практичните и математички прашања кои се вклучени кога се користи АХП методот во решавање на инженериски проблеми и проблеми од секојдневниот живот. Покрај теориските димензии, овој труд презентира и примена на методот за повеќекритериумска анализа АХП на реални примери од различни области од животот. Овој магистерски труд, покрај воведот и заклучокот, е структуриран во три примарни делови. Во првиот дел, се дадени основните теоретски претпоставки за одлучувањето, при што е ставен акцент на повеќекритериумското одлучување. Прикажани се начини за дефинирање на проблеми и формулирање на математички модели за повеќекритериумска анализа, поим и видови на атрибути, квантификација на квалитативни податоци и скала за квантифицирање на односите помеѓу споредбените алтернативи. Вториот дел од овој труд врши анализа на методот за повеќекритериумско одлучување АХП. Предадена е неговата историја, теоретска и математичка основа, неговите предности и недостатоци, како и областите во кои се применува. Третиот дел ја разработува примената на АХП на две студии на случај: избор на економски најповолна понуда и избор на најдобар математички софтвер. Врз основа на добиените резултати се дадени завршни констатации во врска со можностите за користење на овој метод и за идни истражувања
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University, Stip
- Year dc:date.issued
- 2015
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Lapevski, Martin
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/13846/