Goce Delcev University, Stip
Форензичка анализа и реконструкција на Injection напади врз веб апликации
Abstract
dc:description.abstractМногу често во денешно време се случува судските случаи и криминални спорови да се решаваат со помош на доказите добиени од дигиталната форензика. Дигиталната форензика е основното оружје во борбата против сајбер-криминалците. За испитување на нападите кај веб апликациите се ангажираат лица специјалисти за дигитална форензика. Најпрво се врши истрага на машината жртва, од која обично се добиваат некои податоци, кои потоа се користат за идентификација на можниот осомничен. Доколку се пронајдени индикации за можниот напаѓач, на ред следува истрагата на напаѓачката машина. Во оваа магистерска теза најпрво се изведени неколку сценарија за напади, како: SQL Injection, складирачки и рефлектирачки XSS, вметнување на оддалечена датотека и Command Injection напад, врз постоечка ранлива веб апликација WackoPicko. Направена е пост-мортем форензичка анализа на машината жртва и напаѓачката машина, и идентификувани се оставените траги со помош на кои може да се направи реконструкција на нападите, но и истите да се искористат како валиден доказ пред судот. Се претпоставува дека напаѓачот бил невнимателен и не искористил ниту една од техниките за анти-форензика на својата машина. Притоа, направената анализа е специфична за дадена конфигурација. Основа цел на магистерската теза е да им се дадат насоки на форензичарите каде да ги бараат доказите против напаѓачите. За да се намали бројот на нападите кај веб апликациите, значаен сегмент е безбедно програмирање на веб страните, кое може да се провери со помош на скенери за веб ранливости. Дополнително, во магистерската теза се анализирани неколку бесплатни и комерцијални скенери на веб ранливости за ратата на лажно негативни резултати. Утврдено е и дека некои скенери на веб ранливости оставаат непотребни записи во позадинските бази на податоци, кои треба по завршувањето на скенирањето да се исчистат.
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University, Stip
- Year dc:date.issued
- 2015
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Suteva, Natasa
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/13848/