Goce Delcev University, Stip
Влијанието на технологијата и иновациите врз креирањето на менаџмент стратегија на претпријатието
Abstract
dc:description.abstractВо овој научно-истражувачки труд е објаснето влијанието на технологијата и иновациите врз процесот на креирање на правилна менаџмент стратегија. Промените што постојано се случуваат во надворешното окружување, стануваат критичен фактор за работењето и успехот на претпријатието. Со тоа се јавува потребата за постојано проучување на окружувањето, моменталната состојба и согледување на можностите што тоа може да му ги пружи на претпријатието. Во тој поглед, се објаснува стратегискиот менаџмент како континуиран процес на создавање успешни конкурентски стратегии. Во процесот на стратегискиот менаџмент посебно внимание е посветено на технологиите и иновациите. Имајќи предвид дека технологијата денес е распространета насекаде, значајна и застапена во сите активности со кои се занимава човекот, може да кажеме дека секоја активност која произведува вредност, користи некоја технолошка помош која ги комбинира купените инпути и човечките ресурси за да произведе некој аутпут. Иновацијата во суштина претставува унапредување на технологијата. Стратегискиот менаџер ја има клучната улога во водењето на организацијата и донесување на клучни стратегиски одлуки, поврзани со воведување на нови технологии и иновации, за креирање и имплементирање на правилна менаџмент стратегија на претпријатието. Во контекстот на обработената тема е извршено и емпириско истражување, каде се констатира дека во истражуваните претпријатија несоодветно е перципирана од страна на менаџерите и вработените вклученоста на новата технологија и иновациите во менаџмент стратегиите за постигнување на конкурентска предност. Клучни зборови:конкурентска предност, инвестиции, промени, унапредување, истражување и развој
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University, Stip
- Year dc:date.issued
- 2015
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Paneva, Marina
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/14080/