Back to search

Goce Delcev University Stip

Онлајн маркетинг во време на брзи промени на глобалните пазари

Abstract

dc:description.abstract

Зачетоците на интернетот датираат од 1963 година и истиот е поврзан со истражувањата во САД, под раковоството на Агенцијата за истражување на сложени проекти (Advanced Research Projects Agency – ARPA). Од тие причини бил инициран проектот ARPANET (Advanced Research Projects Agency Network), кој требало да овозможи сигурна комуникациска мрежа за воени потреби, која би фукнкционирала дури и во случај на оштетување на дел од мрежата. Не само што овие потреби биле задоволени, туку бил најавен и глобалниот феномен наречен ИНТЕРНЕТ, без кој ништо денес не би изгледало како што изгледа. Тој денес е навлезен буквално во сите аспекти на нашето живеење. Интернетот е револуционерна технологија од минатото која е сè поприсутна во сегашноста, а нејзините ефекти ќе продолжат да се манифестираат и во иднина. Интернетот овозможува достапност до многубројни информации, од било која област, од било кој извор, без разлика на локацијата. Овие карактеристики го прават мошне атрактивен за бизнис, во случајов за маркетинг, наречен онлајн маркетинг. Преку интернет технологиите, маркетарите успеаја да му дадат нова димензија на маркетингот, при што на мошне интересен и модерен начин ги промовираат добрата и услугите на корисниците преку интернет. Денес, поголемиот дел од светскиот бизнис се извршува преку дигитални мрежи кои ги поврзуваат луѓето и компаниите. На овој начин корисниците насекаде од светот се поврзани во мрежа. За онлајн маркетингот може да се каже дека, го поттикнува остварувањето на зададените цели преку ползување на дигиталните технологии. Интернет маркетингот претставува пребарување и презентирање на добрата и услугите на интернет, со цел генерирање профит. Интернетот, има креирано виртуелен,глобален пазар ослободен од време и простор. Стариот традиционален маркетинг е заменет со нов концепт, прилагоден на инструментите на маркетинг миксот, во правец на индивидуален и целен маркетинг. Новата маркетинг форма е усмерена на индивидуализираниот интернет потрошувач по пат на непосредна интеракција. Наместо масовниот маркетинг, на интернет се случува маркетинг маса на индивидуи.

Degree

thesis:*
Level dc:type.qualificationlevel
masters
Grantor dc:publisher.institution
Goce Delcev University Stip
Year dc:date.issued
2015

Author and committee

dc:creator, dc:contributor.*
Author dc:creator
  • Stojanova, Natasa

Subjects

dc:subject × 1

Rights

Language dc:language
en

Identifiers

dc:identifier.*
Repository record dc:identifier.uri
https://eprints.ugd.edu.mk/14279/

Chain of custody

source
Harvested from
University of Goce Delcev
Base URL
eprints.ugd.edu.mk/cgi/oai2
Last updated
2026-11-26
Source record
OAI-PMH GetRecord
citation

Stojanova, Natasa. Онлајн маркетинг во време на брзи промени на глобалните пазари. masters thesis, Goce Delcev University Stip, 2015. https://eprints.ugd.edu.mk/14279/