Goce Delcev University, Stip
Оценка на оперативните и финансиските перформанси на компаниите, со посебен осврт на ризичноста од вложувањата во хартии од вредност
Abstract
dc:description.abstractФинансиската анализа има задача да ја објасни релацијата помеѓу одделните ставки на финансиските извештаи, кои комбинирани на најразлични начини даваат значајни информации поврзани со ликвидноста, задолженоста, профитабилноста и другите аспекти од работењето на една компанија. Секое инвестирање е проследено со прибирање податоци за минатото работење на компанијата, остварените резултати, нејзината ликвидност, исплатените дивиденди, инвестирањето во сопствениот раст и сл. Сите овие минати резултати и одлуки влијаат врз профитот кој ќе го остварува компанијата во иднина, а со тоа и врз прерцепцијата за заработувачката од инвестирањето на средствата на сите субјекти кои гледаат перспектива во работењето на избраната компанија и остварување на нивните поединечни цели. На тој начин, преку финансиската анализа и пресметката на финансиските показатели, стејкхолдерите го препознаваат и го оценуваат ризикот од инвестирање во самите хартии од вредност на компанијата. Тргнувајќи од овој факт, особено е јасно зошто се посветува големо внимание токму на финансиската анализа, како и на финансиските показатели и методи кои се користат при нејзино спроведување Предмет на мојот магистерски труд е токму финансиската рацио анализа и нејзината примена во донесувањето одлуки за инвестирање во хартиите од вредност на компаниите и нивната ризичност. Теоретскиот дел на труот е збогатен со голем број практични примери за пресметка на финансиските показатели, преку кои се врши оценка на оперативното и финансиското работење на компаниите, како и со практична анализа на работењето на акционерското друштво Макпетрол АД Скопје, како лидер во трговијата со нафтени деривати во нашата држава
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University, Stip
- Year dc:date.issued
- 2015
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Ivanovska Runteva, Ivana
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/14478/