Goce Delcev University Stip
Придонес во истражувањето за квалитетот на изработка на хоризонтални рударски простории во рудникот за олово и цинк „Саса“
Abstract
dc:description.abstractИзработката на хоризонталните рударски простории претставува комплексен систем на голем број меѓусобно зависни елементи. Поради тие причини и процесот на изработка на хоризонталните рударски простории ретко бил предмет на анализа. Истражувањата презентирани во овој труд, претставуваат анализа на постоечката состојба во рудникот за олово и цинк „САСА“ во однос на ефикасноста на изработка и квалитетот на изработените хоризонтални рударски простории по работни средини, но е дадена и анализа на квалитетот и ефикасноста на изработка на хоризонтални рударски простории со примена на нонел систем за иницирање и контурно минирање - иновираната технологија. Самата тема е комплексна и со голем број на влијателни фактори кои се кавантитативно и квалитативно променливи. Проучувањето на технолошкиот процес овозможува добивање на потребните податоци кои понатаму може да се анализираат. Резултатите кои произлегоа од овој магистерски труд се потврдени и со примена на иновираната технологија на изработка на хоризонталните рударски простории во рудникот за олово и цинк „САСА“. Клучни зборови работна средина, нонел систем, контурно минирање.
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University Stip
- Year dc:date.issued
- 2015
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Ivanovski, Dejan
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/14671/