Goce Delcev University Stip
Статистички приод кон очекуваното траење на животот и идентификациjа на фактори на влијание
Abstract
dc:description.abstractОсновен мотив при изработка на трудот беше проучувањето на факторите коишто влијаат врз поквалитетно и подолго живеење. Во првиот дел од овој труд се проучува улогата на статистиката во следење на демографските движења и промени во населението. Ги проучивме развојните тенденции на очекуваното траење на животот во Македонија, во соседните држави и во ЕУ со осврт на заразните и незаразните болести. Во ера на рапидни промени и глобална економија, заразните болести постепено им го отстапуваат местото на незаразните, т.е. хроничните болести. Според своите карактеристики, тоа се постојани болести, кои бараат долготрајно, понекогаш и доживотно лекување и стручен надзор, истовремено и социјална рехабилитација, оставајќи често и трајни последици. За таа цел извршивме нивно идентификување, анализирање, прогнозирање и предлагање мерки, од една страна за минимизирање на факторите на ризик, коишто се предизвикувачи на хроничните болести, а од друга страна извршивме проучување на факторите коишто го подобруваат квалитетот и должината на живеење. За да се согледа и да се предвиди должината на живеење во Р Македонија, во земји од соседството и во ЕУ, се користи праволинискиот тренд преку метод на најмали квадрати. На крајот врз основа на предходните испитувања на појавите се донесени соодветни заклучоци за причините коишто предизвикале намалување, елиминирање или редуцирање на незаразните болести, како резултат на проучувањето на ризик-факторите за нивна појава и проучувањето и примената на факторите коишто го подобруваат квалитетот и должината на живеење. Клучни зборови: незаразни болести, стапка на природен пораст, ризик-
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University Stip
- Year dc:date.issued
- 2015
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Solevska, Nevena
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/14886/