Универзитет Св Кирил и Методиј
Модел на хидро-информационен систем на Република Македонија
Abstract
dc:description.abstractДокторската теза истражува и развива прототип облак апликација за хидро-информационен систем. Мотивацијата за изградба на хидро-информациониот систем се три главни идеи: (1) облак, (2) развојот на веб географските информациони системи (ГИС), (3) водата како како неопходен ресурс. Основната цел е да се користи веб пребарувач, додека сите сервиси, податоци и апликации да бидат во облакот. Потребата од вода во Република Македонија е во континуиран раст со зголемувањето на населението, стандардот на населението, развивањето на индустријата и производството на храна. Основна компонента во интегрираниот менаџмент на водните ресурси е развивање на хидро-информационен систем кој претставува платформа за развивање на апликации за ефикасно и праведно распределување на водните ресурси помеѓу корисниците. Долготрајната истражувачка и апликативна работа во ГИС, воведувањето на облак технологиите, развивањето на прототип веб базирани софтверски решенија и решавање на проблемите поврзани со водните ресурси беа доволен предизвик за изработка на моделот на хидро-информационен систем на Република Македонија. Консеквентно, во докторската теза е развиена и имплементирана протопип облак апликација за хидро-информационен систем составена од веб сервиси и додатни софтверски компоненти: 1) Релациона база на податоци HMak развиена во PostgreSQL и PostGIS во која се складирани сите геопросторни и останати податоци за хидро-информациониот систем на Република Македонија. 2) Веб сервис Геосервер - задолжен за прикажување и менаџмент на векторските мапи и геоподатоци од HMak (1). Основна задача на Геосерверот e меѓуслој апликација наменета да ги абстрахира дистрибуираните податочни извори и да креира платформа за пристап до геопросторните податоци од страна на создадените сервиси на хидро-информациониот систем. 3) Апликација за оптимизација на водните ресурси ДП креирана со користење на алгоритамот за динамичко програмирање во Java. 4) Веб сервис апликација за оптимизација на водните ресурси која е составена од претходно развиената апликација (3), форми за внесување податоци и презентирање на резултатите на интернет. 5) Веб сервис за моделирање на водни ресурси базиран на OpenLayers библиотеката која ги подржува OGC стандардите за геопросторни веб сервиси. Сервисот е поврзан со Геосерверот (2) и со користење на протоколите WMS и WFS врши внесување, менување, зачувување на геоподатоците и моделирање на водните ресурси. 6) Интеграција на сите претходно наведени компоненти (1-5) во облак апликацијата за хидро-информационен систем на Република Македонија. Дизајнот на хидро-информациониот систем е на две основни парадигми кои се меѓусебно поврзани, облак и сервис ориентираната архитектура. Хидро-информациониот систем е целосно веб базиран овозможувајќи обработка на податоци и пристап до сервисите независно од физичката локација. Дефинираните три главни сервиси (реден број 2,4,5) се претставени на два веб интерфејси. Веб сервисите даваат можност за менаџирање со мапите и податоците, моделирање на водните ресурси и нивна оптимизација. Облак апликацијата е изградена со користење на неколку програмски јазици (JavaScript, AJAX, PhP, Java), додатни апликации (Eclipse, Geoserver, PostgreSQL, PostGIS), библиотеки (OpenLayers), геопросторни стандарди (OGC), протоколи (WMS, WFS) и друго. Компонентите и софтверските пакети кои се користат во развојот на хидро-информациониот систем се отворен код. Хидро-информациониот систем претставува облак платформа за развивање на специјализирани апликации. Дизајнот и составните компоненти на системот овозможуваат негова лесна надградливост, интероперабилност, хетерогеност, дистрибуираност и скалабилност. Претставениот хидро-информационен систем е успешно применет во моделирање на хидро системот Злетовица. Моделирањето на хидро системот Злетовица ја покажа неговата функционалност и можноста да се користи како основа за понатамошен развој на хидро-информациониот систем на Република Македонија.
Degree
thesis:*- Name dc:type.qualificationname
- phd
- Level dc:type.qualificationlevel
- doctoral
- Grantor dc:publisher.institution
- Универзитет Св Кирил и Методиј
- Year dc:date.issued
- 2011
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Delipetrev, Blagoj
Subjects
dc:subject × 2Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/15041/