Back to search

Goce Delcev University Stip

Крводарителството во општина Делчево во период од 2000 до 2014 година- анализа на бројот и структурата на крводарителите и промотивните активности

Abstract

dc:description.abstract

Крводарителската служба е посветена да обезбеди сигурна крв и крвни продукти на оние кои што имаат потреба од нив. Идеално е крв да се обезбедува од нискоризични крводарители кои редовно, слободно, и доброволно даруваат крв. Дарителите на крв го заслужуваат најдоброто што може да им се понуди, гостопримство наместо болнички менталитет. Цел на овој труд е да направиме анализа на реализираните крводарувања во однос на планираните во подрачјата на Општина Делчево и Македонска Каменица во периодот од 2000 до 2014 година, да направиме преглед на реализираните крводарувања во периодот од јануари до декември 2014, да ја согледаме структурата на крводарителите по пол, возраст, националност и видот на крводарувањата (доброволни и фамилни) и да ги прикажеме мотивите за крводарување и влијанието на промотивните активности. За реализација на поставените цели направивме анализа и обработка на податоците од Општинска организација на Црвен крст Делчево за бројот, структурата и реализацијата на планираните крводарувања во периодот од 2000 до 2014 година, а резултатите се прикажани табеларно и графички со соодветна дискусија на истите. При разработката на трудот заклучивме дека во периодот од 2000 до 2014 година во Делчево и Македонска Каменица се собрaни вкупно 15 585 крвни единици. Во сите години е надминат планот од планираните крводарувања. Најголем број на крводарувања се реализирани во 2002 година, планот е реализиран со 171%, т.е. со соберени 1 327 крвни единици, а најмал број на собрани крвни единици има во 2007 година, со 108% од планираниот.

Degree

thesis:*
Level dc:type.qualificationlevel
other
Grantor dc:publisher.institution
Goce Delcev University Stip
Year dc:date.issued
2016

Author and committee

dc:creator, dc:contributor.*
Author dc:creator
  • Stoimenovska, Limonka

Subjects

dc:subject × 1

Rights

Language dc:language
en

Identifiers

dc:identifier.*
Repository record dc:identifier.uri
https://eprints.ugd.edu.mk/15124/

Chain of custody

source
Harvested from
University of Goce Delcev
Base URL
eprints.ugd.edu.mk/cgi/oai2
Last updated
2026-11-26
Source record
OAI-PMH GetRecord
citation

Stoimenovska, Limonka. Крводарителството во општина Делчево во период од 2000 до 2014 година- анализа на бројот и структурата на крводарителите и промотивните активности. other thesis, Goce Delcev University Stip, 2016. https://eprints.ugd.edu.mk/15124/