Goce Delcev Unirsity - Stip
Можност за примена на полу-аеробна метода за формирање на санитарна депонија
Abstract
dc:description.abstractСитуацијата со управувањето со цврстиот комунален отпад во Република Македонија се карактеризира пред се како супстандардна и неефикасна, а системот е попречен од сериозни финансиски, организациски и низа технички недостатоци. Тоа резултира со различни дисфункционални системи на национално и општинско ниво и поврзани негативни ефекти врз животната средина и здравјето на луѓето, како што е нестандардно депонирање и фрлање на отпадот. Европската унија работи на тоа да се минимизира влијанието врз животната средина од управувањето со отпадот и да се намали отпадот што се отстранува на депониите. За да се постигне ова поставени се строги критериуми за управувањето со депониите кои бараат исполнување на многу стандарди, но и финансиски средства кои моментално претставуваат најголем проблем. За таа цел потребно е примена на нови методи и техники со кои ќе се подобри управувањето со депониите, со функционално лесно одржување, со едноставна структура и ниска цена. Главни карактеристики на полу-аеробна метода е тоа што со овој метод на депонија има едноставна структура и ниска цена и затоа претставува технологија која може да се примени со материјали кои можат да се добијат и искористат локално посебно во земјите во развој, но независно од тоа овој метод го имаат применето многу земји како Јапонија, Малезија, Кина, Иран, Мексико, Океанија и др. 2 Овој тип на депонија е наречен полу-аеробен бидејќи има можност за примена на веќе постоечки нестандардни и анаеробни депонии. Полу-аеробната депонија е конструирана со поставување на цевки на дното на депонијата кои го собираат исцедокот, а во исто време низ нив струи и атмосферски воздух со кој се овозможува поголема активност на аеробните микроорганизми и побрзо распаѓање на депонираниот отпад, а со тоа се овозможува намалување на биолошката побарувачка на кислород (BOD) во исцедокот и потиснувањето на создавањето на метан гас. За разлика од анаеробните депонии од кои се колектира депонискиот гас и претставува скап процес, во технологијата на полу- аеробната депонија целта е да се минимизира влијанието врз животната средина бидејќи деградацијата на отпадот е побрза, зголемена е стабилизацијата на самата депонија и исцедокот се собира веднаш. Во прилог на ова и обемот на емитирање на метан гас од депонијата е намален, а сето ова придонесува за намалување на глобалното затоплување.
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev Unirsity - Stip
- Year dc:date.issued
- 2015
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Vezenkov, Borce
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/15135/