Back to search

Goce Delcev University Stip

Компарација помеѓу општа и спинална анестезија при операција на ингвинална хернија во Универзитетска клиничка болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, за периодот од септември до ноември 2014 година

Abstract

dc:description.abstract

За пациентите кај кои е дијагностицирана ингвинална хернија, најчесто се препорачува хируршки третман. Во текот на зафатот се отвора килната ќеса, нејзината содржина се враќа во стомачната празнина, килната ќеса се пресекува, а на отворот се поставува мрежичка со цел дополнително да се зајакне ѕидот на стомакот. Анестезијата може да биде општа и регионална. Општата анестезија, или уште наречена генерална, е состојба на бессознание и губиток на заштитните рефлекси како резултат на давањето на еден или повеќе анестетици. Локалната анестезија е реверзибилно губење на моторната функција на одреден дел од телото. Локалните анестетици ова дејство го остваруваат преку блокирање на нервната спроводливост. И при двата вида на анестезија, постоперативно може да се појават одредени компликации. Предмет на овој труд е компарација на спинална и општа анестезија како методи за анестезија при операција на хернија во Универзитетска клиничка болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, за периодот од септември до ноември 2014 година. Селектирани се пациенти со ингвинална хернија избрани од хируршкиот оддел. Поделени се во две групи: пациенти оперирани со општа анестезија и пациенти оперирани со спинална анестезија. Во оваа студија, вклучени се 186 пациенти од кои 132 од машки и 54 од женски пол. Повеќето од нив имаат еднострана директна ингвинална хернија. Од вкупниот број пациенти, 94 се оперирани со општа анестезија, а 92 со спинална. Пациентите оперирани со спинална анестезија (92) се споредени со пациентите оперирани со општа анестезија (94) во однос на компликациите кои се јавиле. Постоперативно се забележани следните компликации: уринарна ретенција, гастроинтестинални нарушувања, неспецифични и постспинални главоболки, болки и респираторни компликации. Постоперативната појава на гадење и повраќање и другите следени компликации е значително поизразена кај пациентите оперирани со општа анестезија. Компликациите се поизразени кај пациенти кои се пушачи. КЛУЧНИ ЗБОРОВИ: ингвинална хернија, спинална анестезија, општа анестезија.

Degree

thesis:*
Level dc:type.qualificationlevel
other
Grantor dc:publisher.institution
Goce Delcev University Stip
Year dc:date.issued
2016

Author and committee

dc:creator, dc:contributor.*
Author dc:creator
  • Vukovikj, Makedonka

Subjects

dc:subject × 1

Rights

Language dc:language
en

Identifiers

dc:identifier.*
Repository record dc:identifier.uri
https://eprints.ugd.edu.mk/15537/

Chain of custody

source
Harvested from
University of Goce Delcev
Base URL
eprints.ugd.edu.mk/cgi/oai2
Last updated
2026-11-26
Source record
OAI-PMH GetRecord
citation

Vukovikj, Makedonka. Компарација помеѓу општа и спинална анестезија при операција на ингвинална хернија во Универзитетска клиничка болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, за периодот од септември до ноември 2014 година. other thesis, Goce Delcev University Stip, 2016. https://eprints.ugd.edu.mk/15537/