Goce Delcev University, Stip
Анализа на поврзаност помеѓу акрилатни вештачки заби и акрилатно протезно седло
Abstract
dc:description.abstractПодготовка на базалната површина кај акрилатните вештачките заби е многу важен фактор во однос на квалитетот на една забна протетска изработка. Се однесува на врската помеѓу вештачките заби и акрилатното протезно седло изработено од топло полимеризирачки акрилат. Целта на трудот беше да се испита воспоставената врска на акрилатни заби со акрилатното протезно седло. За реализација на целта, беа изработени 20 акрилатни примероци, истражувачките примероци беа поделени во четири групи, во зависност од применетата подготовка. Опишани се четири техники на подготовка со што се оправда најдобрата техника на подготовка. Анализата се однесува на резултати добиени со визуелизација, магнификација, како и со примена на статистичка анализа. Со помош на светлосен микроскоп, беше измерена ширината на меѓупросторот помеѓу акрилатниот вештачки заб и акрилатното протезно седло. Добиените резултати укажуваат дека максимално растојание на меѓупросторот се јавува кај примероците од А-група без никаква подготовка. Додека кај примероците од Б-група, кои беа механички подготвени со сепарирање, постоеше меѓупросторот помеѓу вештачкиот заб и акрилатната база, којшто беше со помали вредности за разлика од примероците од А-група. Кај примероците од Ц-група со хемиска подготовка, како и кај примероците од Д-група со хемиска и механичка подготовка, при анализата, не се јавува меѓупростор помеѓу забот и акрилатната база. Клучни зборови Топло полимеризирачки акрилати, хемиска подготовка, механичка подготовка,
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- other
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University, Stip
- Year dc:date.issued
- 2015
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Apostoloski, Pavle
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/15557/