Back to search

Unervisity Goce Delcev - Stip

Минерагенетски карактеристики и 3d модел на наоѓалиштата на гранитоиди на потегот Пештани – Чаниште, прилепско

Abstract

dc:description.abstract

Во овој труд комплексно ќе бидат презентирани минерагенетските карактеристики на гранитоидните карпи на потегот Пештани – Чаниште, односно ќе бидат презентирани сите параметри кои ќе се добијат како резултат на извршените научни испитувања кои донекаде ќе дадат една јасна слика за специфичноста на појавувањето, типот и видот на ганитоидните карпи, кое пред се бара една научна подлога за насочување на регионалните и деталните геолошки истражувања во функција на осознавањето на пошироката околина, најнапред во доменот на структуролошките прашања, а потоа и на, со време, запоставуваните минералошки карактеристики на гранитоидните карпи. Врз основа на резултатите од испитувањето, со современ пристап и користењето на аналитичките податоци даден е петрографски приказ на сите вариетети на гранитоидни карпи. Хемискиот составот на карпите заедно со нивниот квантитативен минерален состав и хемискиот состав на минералните фази послужија како основа за нивна современа класификација. Моделирањето на поедини делови од наоѓалиштата во трите димензии неспорно доведуваа до насочување и моделирање на перспективните резерви во услови на активна експлоатација со комерцијална димензија. Ваквото моделирање особено има своја непобитна страна во осознавањето на степенот на распуканоста, што е еден од основните услови за комерцијалитетот на финалниот производ. Пазарната вредност на гранитоидните карпи од проучуваните неспорно има големо влијание во насочувањето на геолошките истражни работи и отвора можност за проширување на експлоатационите површини. Клучни зборови: гранитоидни карпи, моделирање, минералошки состав, геохемиски карактеристики, главни елементи, микроелементи

Degree

thesis:*
Level dc:type.qualificationlevel
masters
Grantor dc:publisher.institution
Unervisity Goce Delcev - Stip
Year dc:date.issued
2016

Author and committee

dc:creator, dc:contributor.*
Author dc:creator
  • Stojkov, Sašo

Subjects

dc:subject × 1

Rights

Language dc:language
en

Identifiers

dc:identifier.*
Repository record dc:identifier.uri
https://eprints.ugd.edu.mk/15577/

Chain of custody

source
Harvested from
University of Goce Delcev
Base URL
eprints.ugd.edu.mk/cgi/oai2
Last updated
2026-11-26
Source record
OAI-PMH GetRecord
citation

Stojkov, Sašo. Минерагенетски карактеристики и 3d модел на наоѓалиштата на гранитоиди на потегот Пештани – Чаниште, прилепско. masters thesis, Unervisity Goce Delcev - Stip, 2016. https://eprints.ugd.edu.mk/15577/