Goce Delcev University Stip
Дизајнирање и институционирање на организациска структура и култура
Abstract
dc:description.abstractВо овој труд преку теоретски излагања и емпириско истражување ќе биде елаборирана темата за начините на дизајнирање и имплементирање на организациската структура и култура, и предизвиците со кои се соочува организацијата при реализација на овие процеси. Теоретскиот дел ќе го започнам со дефинирање на поимот за организација, преку истражување на природата на процесот на организирање, и објаснување на основните принципи на организирањето. Ќе биде објаснето и што претставува организацискиот дизајн, и кое е значењето на организациската структура. Во првата глава ќе бидат дефинирани и поимите за организациска политика и организациска етика, а ќе биде даден посебен осврт на тоа што претставува организациската култура, кои се нејзините извори и каква е улогата на културните вредности и норми во рамките на организацијата. Во продолжение, ќе бидат објаснети основните елементи на организацискиот дизајн, а ќе биде посветено внимание и на основните фактори за избор на организациската структура. Во последната глава ќе бидат прикажани различните видови на организациска структура коишто му стојат на располагање на менаџментот. Објаснети се и поимите на диференцијација и интеграција, како и начинот на унапредување на организациската структура и култура. Исто така, ќе биде испитана улогата на менаџерот во воспоставувањето на организациската култура. Со емпириското истражување ќе бидат поставени неколку хипотези во врска со процесот на дизајнирање и имплементирање на организациската структура и култура, а преку анкетирање на вработените и менаџерите во неколку македонски компании, ќе согледаме дали овие хипотези ќе бидат потврдени или одбиени. Клучни зборови: организација; менаџмент; промени; вредности; норми
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University Stip
- Year dc:date.issued
- 2016
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Kostadinov, Ivica
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/15698/