Abstract
dc:description.abstractПородувањето е една од најголемите енигми, најсреќниот момент во животот на една жена, но и период во кој мајката и бебето се најчувствителни. Настанувањето на родилни повреди кај новороденчето е дел од породувањето што никогаш не може да се предвиди. Родилните повреди најчесто настануваат како резултат на тешки и долготрајни породувања како и кога времето на истиснување на плодот е продолжено. Освен тоа повредите може да настанат при нагли породувања како и при пораѓај што е изведен од страна на нестручни лица. Но од навременото откривање и третирање на родилните повреди зависи натамошниот животен квалитет на самото новороденче. Благодарение на новите сознанија и современата дијагностика, зачестеноста на родилните повреди е сѐ помала и изнесува 0,7% односно на 1000 новородени деца 7 од нив имаат една или повеќе родилни повреди. Со оглед на важноста на родилните повреди за натамошниот невромоторен развој на детето, главните цели на трудот се следниве: 1) да се прикаже бројот на родилни повреди на гинеколошко-акушерското одделение при Клиничката болница во Штип; 2) да се претстави бројот на родилните повреди како процент од вкупниот број раѓања и 3) да се претстави квалитативно најчестиот вид родилни повреди. Материјал и методи: во овој труд се обработени новородените деца на гинеколошко-акушерското одделение при Клиничката болница во Штип. Опфатен е периодот од последните три години 2012, 2013 и 2014 година. Како материјал послужија регистрите од новородени деца од акушерското одделение при Клиничка болница Штип во период од 2012 до 2014 година. Резултати: во трите обработувани години (2012, 2013 и 2014 година) се породени вкупно 2961 новородени деца. Според податоците, во 2012 година се родиле 952 новородени деца, од кои кај 24 имале родилни повреди, што изнесува 2,52%. Во 2013 година се родени 1019 деца, од кои 26 имале родилни повреди (2,55%). Во текот на 2014 година се родени 990 деца од кои 25 имале родилни повреди (2,52%). Односно, од 2961 дете, кај 75 имало родилни повреди. Тоа изнесува 2,53%. Најчести родилни повреди вкупно за трите години се следните: кефалхематом–22, f-ra claviculae–38, paresis plexus 3 brachialis – 9, torticollis – 3, хидроцефалус- 4. Најчести се: новороденчиња со f-ra claviculae, чиј вкупен број за три години е 38 од кој f-ra claviculae lat.dex се 24, а f-ra claviculae lat.sin се 14. Заклучок: Неопходно е рано и навремено откривање и санирање на родилните повреди кај новороденчето со цел да се подобри правилниот раст и развој. Клучни зборови: новородено дете, родилни повреди, родилна асфиксија
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- other
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University, Stip
- Year dc:date.issued
- 2016
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Mihajlova, Ivana
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/15719/