Goce Delcev University, Stip
Транспарентност на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи
Abstract
dc:description.abstractВрската помеѓу парите и политиката е неизбежна, повторлива и нераскинлива. Оваа зависност создава сериозен ризик за појава на негативни појави како што се корупцијата, судирот на интереси и други посебно кога партијата ја има власта. Во насока на детектирање и надминување на сите предизвици како ефикасно средство се посочува транспарентноста. Транспарентноста е камен-темелник на финансирањето на политичките партии и изборната кампања. Во насока на зголемување на транспарентноста во финансирањето, политичките партии имаат обврска да изготвуваат точни и целосни финансиски извештаи за редовното работење и изборната кампања, да ги направат достапни до јавноста и навремено да ги доставуваат до надлежните институции. Покрај политичките партии, значаен сегмент во јакнењето на транспарентноста во финансирањето на политичките партии е и ефикасниот институционален систем кој врши надзор и контрола на финансирањето на политичките партии и изборната кампања. Јавното објавување на податоците за своите финансии од страна на партиите, одговорната внатрешна партиска контрола, ефективното спроведување контрола од надлежните институции и надзорот од надворешните чинители (граѓанско општество, медиуми, гласачи) се од фундаментално значење на секој транспарентен и отчетен систем на политичко финансирање. Во овој труд е направена анализа на македонскиот систем на финансирање на политичките партии и изборната кампања, со цел да се утврди степенот на внатрепартиската одговорност на политичките партии и ефикасноста на воспоставенит институционален систем на независна контрола кои влијаат на зголемувањето на транспарентноста на финансирањето на политичките партии и изборната кампања. Во овој труд се презентирани и специфичностите на системите на политичкото финансирање во Соединетите Американски Држави и Германија. Клучни зборови: политички партии, изборна кампања, транспарентност, финансирање, контрола
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University, Stip
- Year dc:date.issued
- 2015
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Popovska, Irena
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/15829/