Goce Delcev University Stip
Заштита на правата на потрошувачите низ призмата на Народниот правобранител
Abstract
dc:description.abstractПотрошувачкиот сектор претставува суштествена алка во синџирот на производство и продажба на стоки и услуги на глобалниот пазар. Во последната деценија на 21 век, потрошувачкиот сектор сè повеќе ја наметнува потребата од подобро позиционирање на својата vis-à-vis позицијата на органите со јавно правни овластувања и приватниот сектор и тоа: првите поради правната рамка која ја предвидуваат на полето на потрошувачкото право, а вторите поради бројните секојдневни односи во коишто влегуваат потрошувачите и бизнис секторот. Сепак, ваквата експанзија на прашањето за заштита на потрошувачките права произлегува од тенденцијатана зголемување и проширување на бројот и видот на потрошувачките договори (B2C-business to consumer). Овие видови на договори секојдневно настануваат на полето на потрошувачкото право и практика. Како дополнителен придонес кон експанзијата и подоброто позиционирање на потрошувачкото право придонесе електронската комунукација и можноста да се влегува во облигационо правни односи на база на концептот прифати или остави (take it or leave it), или во правната теорија познати како адхезиони договори. Овие збиднувања следствено ја наметнаа потребата од ревидирање на правниот режим на заштита на субјектите со статус на потрошувач. Помеѓу неколкуте инструменти коишто му стојат на располагање на потрошувачот, свое место зазема и Народниот правобранител чија улога и значење во поглед на заштитата на потрошувачките права е предмет на наше истражување. Клучни зборови:потрошувач, заштита на правата на потрошувачите, Народен правобранител, јавни услуги, органи со јавно-правни овластувања
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University Stip
- Year dc:date.issued
- 2015
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Gorgonoska Manevska, Elena
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/15852/