Goce Delcev University, Stip
Преземање на акционерските друштва со посебен осврт на мерките за одбрана од непријателско преземање
Abstract
dc:description.abstractРазвојот на корпоративната контрола на пазарот, како основа за натпревар меѓу тимовите на менаџери за управување со корпоративните ресурси, го надмина традиционалниот однос меѓу акционерите, менаџерите и останатите носители на акции-стејкхлодери(stejkhloderi). Опортунистичкото и неефикасно работење на менаџментот, благодарение на корпоративната контрола на пазарот, се надмина со преземањето на друштвата. Колку е поголема границата меѓу вистинските и потенцијални резултати во едно друштво, стекнувачот ќе упатува сериозен напад, а пак тоа ќе ги натера менаџерите на целното друштво се повеќе да ја максимизираат вредноста на друштвото, плашејќи се дека со преземањето ќе бидат сменети. Тоа ги поттикнува менаџерите да користат дефанзивни стратегии за заштита од пазарната корпоративна контрола. Во Република Македонија, без разлика на правната рамка за институтот преземање, останува констатацијата дека преземањето на друштвата е врзано за друштва со странски капитал. Најголемиот дел мерки за непријателско преземање се спротивни на добрите деловни обичаи во смисла на статутарно трговско право. Неукоста, а и желбата за заштита на сопственичките интереси во акционерската капитална структура, придонесува кон имплементирањето клаузули кои значат максимална протекција на позицијата на бордот на директори и нарушување на основното граѓанско право на сопственост, кое во рамките на корпоративното управување значи право на држење, користење и располагање со предметот (jus utendi, fruendi, abutendi). Клучни зборови: компании, стратегија, преземање, сопственост, корпоративнa контрола
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University, Stip
- Year dc:date.issued
- 2015
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Garvanska Goceva, Sonja
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/15859/