Goce Delcev University Stip
Развојот на граѓанското општество во Република Македонија: Финансирањето на граѓанскиот сектор од општинските буџети
Abstract
dc:description.abstractГраѓанскиот сектор игра клучна улога во градењето на демократското оп-штество и унапредување на квалитетот на животот како на национално така и на локално ниво. Можностите за искористување на локалните фондови се чекор напред кон финансиски стабилни и донаторски независни организации. Новиот Закон за здруженија и фондации со можноста за реализирање на економски ак-тивности од страна на организациите, позитивно придонесува за развојот на граѓанскиот сектор и неговата видливост во заедницата. Според стратегиите на Владата за соработка со граѓанскиот сектор, властите ги поддржуваат организа-циите во напорот кон развивање на силен и независен граѓански сектор со што предвидуваат и финансиска поддршка која се реализира на неколку начини. Се-која година во буџетската ставка „463 – Трансфери до невладини организации“ се планираат средства за поддршка на граѓанскиот сектор, со напомена дека од овие средства се поддржуваат и спортските клубови, верските заедници, синди-катите и политичките партии. На локално ниво со оваа ставка оперираат Локал-ните самоуправи, односно Советите на општините и градоначалниците. Во раз-лични општини, на различни начини се распределуваат средствата од општин-ските буџети за поддршка на локалните граѓански организации. Во 10 општини во Република Македонија (Штип, Карбинци, Чешиново-Облешево, Кичево, Ма-кедонски Брод, Дебар, Струга, Битола, Могила и Новаци) се истражуваа финан-сиските и буџетските практики на општините за алокација на средства до граѓан-ските организации. Иако во некои општини постојат критериуми за распределба на средствата и објавуваат јавен повик за тоа, сепак се утврди дека средствата наменети за граѓанските организации од општинските буџети, генерално се распределуваат на нетранспарентен начин, без методологија за распределба според волјата на локалните власти. Клучни зборови: здруженија, фондации, граѓански организации, граѓански сектор, граѓанско општество, непрофитност, донатори, финансирање.
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University Stip
- Year dc:date.issued
- 2015
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Niceva Tikvesanska, Violeta
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/15862/