Goce Delcev University Stip
Управни спорови - предности и недостатоци и нивно влијание врз прекршочната постапка
Abstract
dc:description.abstractДенес во модерната правна теорија воопшто не е спорно дека судијата решавајќи и постапувајќи во управен спор има извесна самостојност при примената на правото. И покрај определените контрадикторни мислења, најголемиот број теоретичари се согласни дека судовите се однесуваат спрема нормите кои се настанати врз основа на управно-судската практика како истите да претставуваат законски норми според кои неопходно мора да се постапува. Потребно е да се нагласи дека управниот спор во нашата земја сè уште не е доволно развиен, со определени недоречености и празнини кои во практиката ја отежнуваат работата на судовите. Управниот спор како правен институт на ниво на Република Македонија е уреден со посебен закон од 2006 година, и тоа Законот за управните спорови. Принципите и постулатите на правната држава се исполнуваат во оној момент кога од страна на државата ќе се спроведе судска контрола над законитоста на актите на администрацијата. Оваа контрола мора да биде спроведена од страна на независни и непристрасни судови во државата. Оваа независност и непристрасност на овие судови мора да биде основна одлика од причина што голем дел од дејноста на администрацијата во основа е правна и, доколку не биде строго и правно врзана и контролирана, се отвораат многу широки можности за масовни кршење на начелото на законитост, со што почнуваат да се разнишуваат темелите и постулатите на една правна и демократска држава. Клучни зборови: управа, судска контрола, управно-судска практика
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University Stip
- Year dc:date.issued
- 2015
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Najdovski, Dejan
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/15864/