Back to search

Goce Delcev University Stip

Примена на изокинетиката и изокинетичката дијагностика при повреда на преден вкрстен лигамент ACL

Abstract

dc:description.abstract

Во денешно време кога животот оди се повеќе во насока на седентарен начин на живеење, а човековиот организам еволуциски не е навикнат на ваквиот начин на адаптација , исклучително е значајно да се посвети поголемо на системот на движење. Светските трендови покажуваат значајно квантитативно зголемување на спортско- рекреативните активности со кои се занимаваат луѓето во текот на своето слободно време. За жал, таквите обиди често резултираат со повеќе штетa отколку корист, бидејќи се изведувани стихијно, најчесто без план и програма, и посебно без адекватен надзор и подготовки на коскенозглобниот, мускулниот и кардио - респираторниот систем Поради тоа, кај таквите активности понекогаш доаѓа дури и до тешки последици како што се инфаркт на срце, мозочен удар, но во најчести случаи проблемите обично се поврзани со самиот локомоторен апарат. Така често наидуваме на истегнати и пукнати мускули и тетиви, проблем со зглобовите во смисла на руптура на лигамент, дегенеративни оштетувања (најчесто на рскавицата) а во најлоши случаи дури и стрес фрактури на коските. Поради тоа, би било добро најпрво да се зајакнат мускулите, да се оспособат зглобовите, тетивите и коските а дури потоа да се почне со активност. Една од исклучително ефикасни методи за тоа е изокинетичкото вежбање, со чија помош активно се засилува мускулатурата без опасности од преоптоварување на зглобовите. Тоа е значајно во превенцијата, бидејќи на тој начин ги доведуваме во баланс антагонистичките групи т.е. оптимално го подготвуваме целиот мускулно - скелетен систем за планираната рекреација. Изокинетичкото вежбање е најмногу корисно кај луѓе кај кои веќе дошло до одредени патолошки промени, првенствено оштетување на зглобови (повреди, воспалителни или дегенеративни болести и слично). По завршување на изокинетичкиот третман исклучително е важно што порано да се продолжи со некој вид на планирана физичка активност, со цел одржување на мускулна сила и кардио - респираторниот систем. 2 Медицинската гимнастика или кинезитерапија има посебна важност во превенцијата, во лекувањето или во процесот на рехабилитација, без разлика на причината која ја предизвикала повредата. Само со индивидуално дизајнирана програма на медицинско вежбање може да се очекуваат задоволителни резултати. Денес се истакнува потребата за што побрзо и целосно враќање на функциските способности на зафатениот зглоб, екстремитетите или организмот во целина. Кинезитерапијата е значајна дисциплина со сложен пристап во креирањето на посебни програми за вежбање. Се разликуваат неколку главни видови медицински вежби: изометрички, изотонички, изокинетички.

Degree

thesis:*
Level dc:type.qualificationlevel
other
Grantor dc:publisher.institution
Goce Delcev University Stip
Year dc:date.issued
2016

Author and committee

dc:creator, dc:contributor.*
Author dc:creator
  • Manevski, Dimitar

Subjects

dc:subject × 1

Rights

Language dc:language
en

Identifiers

dc:identifier.*
Repository record dc:identifier.uri
https://eprints.ugd.edu.mk/16003/

Chain of custody

source
Harvested from
University of Goce Delcev
Base URL
eprints.ugd.edu.mk/cgi/oai2
Last updated
2026-11-26
Source record
OAI-PMH GetRecord
citation

Manevski, Dimitar. Примена на изокинетиката и изокинетичката дијагностика при повреда на преден вкрстен лигамент ACL. other thesis, Goce Delcev University Stip, 2016. https://eprints.ugd.edu.mk/16003/