Abstract
dc:description.abstractПроучувањето на геометриската структура на 2-нормираните простори, кои се генерализација на нормираните простори е од посебен интерес за примената на истите. Меѓутоа, целосното изучување на геометријата на 2-нормираните простори не е можно без соодветни знаења за линеарните 2-функционали, во кои важно место завземаат ограничените линеарни 2-функционали и нивните Хан-Банахови проширувања. Конечно, во повеќето случаи важна алатка за проучување на геометријата на 2- нормираните простори се неравенствата на паралелопипед од прв и втор вид, кои во оваа магистерска работа се детално разработени. Важна класа на 2-нормирани простори се 2-предхилбертовите простори, па затоа истите се разгледани во одделна глава. Во овие разгледувања посебно внимание е посветено на неравенството на Коши-Буњаковски-Шварц и равенството на паралелопипед, кое е основна алатка за карактеризацијата на 2-скаларниот производ во 2-нормиран простор. Меѓутоа, при карактеризациите на 2-скаларниот производ не помало значење имаат и равенствата од Ојлер-Лагранжов вид, строго конвексните норми со модул c , неравенството на Mercer итн., кои се одделно разработени. Изучувањето на строго конвексните и рамномерно конвексните 2-нормирани простори е важен дел за осознавањето на геометриската структура на 2-нормираните простори. Оттука, од посебен интерес е наоѓањето на потребни и доволни услови за да еден 2-нормиран простор биде строго конвексен, односно рамномерно конвексен, при што е неопходно да се даде толкување или соодветни примери од кои може да се види разликата меѓу строгата конвексност и рамномерната конвексност. Токму наоѓањето на нови карактеризации на строго конвексните 2-нормирани простори и презентирањето на соодветни примери е основната цел на овој труд, во кој се воведени неколку нови поими и се докажани четири нови карактеризации на строго конвексните 2-нормирани простори. Клучни зборови. 2-предхилбертов простор, неравенство на паралелопипед,екстремална точка, линеарен 2-функционал, Кошиева низа, Конвергентна низа
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- University of Goce Delcev Stip
- Year dc:date.issued
- 2016
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Malceski, Samoil
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/16366/