Abstract
dc:description.abstractЕфикасното управување со готовината на компанијата отсекогаш претставувало значајно за функционирањето на “здрава“ компанија. Ефикасното управување со готовината на компанијата е неопходно поврзано со придржување кон две основни начела: начелото на рентабилност и начелото на ликвидност. Во овој магистерски труд се обработува важноста и поврзаноста на начелото на рентабилност и начелото на ликвидност, чие усогласување овозможува ефикасно управување и остварување на поставените цели на компанијата. Управувањето, т.е. менаџирањето со готовината на компанијата го става во фокус постојаното балансирање помеѓу двете наведени основни начела. Досегашните искуства од практиката покажуваат дека и најликвидните и најрентабилните компании често се наоѓаат во ситуација на недостаток на готовина. Решението не е секогаш во прибавувањето на нови, дополнителни готовински средства, туку и во оптимизирање на сопствените средства, односно усогласување на одливот со очекуваниот прилив на готовина. Исклучително важно е да компанијата пронајде најповолна комбинација за одржување на ликвидноста, преку истовремено остварување на рентабилност во работењето, што е и основната задача на процесот на управување со готовината. Клучни зборови: компанија, управување, готовина, ликвидност, рентабилност
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University
- Year dc:date.issued
- 2016
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Stojanova, Nadica
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/16581/