Goce Delcev University, Stip
Управување со отпадни батерии и акумулатори во Република Македонија – практики и трендови
Abstract
dc:description.abstractКраток извадок: Во магистерскиот труд е направен преглед на моменталната состојба со управувањето и стопанисувањето со отпад од батерии и акумулатори во Р. Македонија. Батериите станаа неопходен дел од нашите животи. Тие се одлична „преносна“ можност која ни дава независност од електричната мрежа, но тие, исто така, носат сериозна одговорност: поради тоа што, од една страна, содржат супстанции кои не смеат да се испуштаат во животната средина, а од друга, материјали кои можат да се рециклираат. Во повеќето земји, денес, искористените оловно-киселински и другите видови батерии се враќаат за рециклирање на оловото и другите метали. Процесот на рециклирање на употребените батерии започнува со нивното собирање, транспортирање и складирање. Бидејќи овие процедури не се изведуваат во објектот каде што се врши рециклирањето, во овој магистерски труд тие се наречени чекори пред процесот на рециклирање. Редукцијата на оловото од оловно-киселинските батерии се врши со примена на две методи: Пирометалургиски процеси, исто така познати како методи на фузија- редукција и Хидрометалургиски процеси, или електролитни методи. Со законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори се уредени барањата за заштита на животната средина кои мора да ги исполнуваат батериите и акумулаторите при нивното производство и пуштање на пазар во Р. Македонија и постапувањето со отпадните батерии. Според истражувањето спроведено во 2010 година од страна на невладината организација 4х4х4 Балкански мостови, се констатира дека количините на преносни батерии кои се користат и депонираат во Р.Македонија на годишно ниво се движат помеѓу 220 до 270 тони батерии. Според истражувањето спроведено во 2012 година од страна на Македонскиот институт за медиуми (МИМ), на годишно ниво се генерираат околу 5 642 960 парчиња отпадни батерии. Во моментов активностите за преработка и рециклирање на отпадни батерии се многу ограничени и сè уште не е воспоставен некаков организиран пристап. Во овој момент во Р. Македонија се врши рециклирање само на оловно-киселинските батерии (акумулатори). Дозвола за колективно постапување имаат два правни субјекта, кои во моментов опфаќаат околу 15 % од производителите кои што пуштаат во промет батерии и акумулатори. Колективните постапувачи кои поседуваат лиценца се: ОБА рециклирање и Нула Отпад ДОО. Клучни зборови: рециклирање, собирање, колективни постапувачи, оловно-киселински батерии.
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Goce Delcev University, Stip
- Year dc:date.issued
- 2016
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Kasuba, Valentina
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/16585/