Back to search

Goce Delcev University Stip

Креирање и имплементирање на менаџмент-стратегија во здравствена установа со фокус на влијанието на одделот ИВФ (ин витро фертилизација) во ПЗУ Ре-Медика

Abstract

dc:description.abstract

Болничката индустрија во текот на изминативе две децении доживува значајни оперативни и технолошки достигнувања поради развојот на информатичката и комуникациската технологија. Како и во повеќето услужни индустрии, согледани се тешкотии во мерењето на болничката продуктивност, со тоа и дефинирањето на излезите, како и специфичните односи меѓу пациентите, односно корисниците и давателите на услуги. Во текот на последиве години биле разавиени неколку пристапи, односно методологии кои се фокусираат на задоволството на клиентот, истовремено вклучувајќи го и максималното искористување на капацитетите на една организација. Додека пак, за мерењето на ефикасноста на работата на одделни внатрешни единици кои се анализирани во трудов, може да се заклучи дека идеална мерка на болницата за инпутот на една внатрешна единица во аутпут на друга внатрешна единица е во мерењето на заедничката ефикасност на самата болница и согледување на факторите кои влијаат врз истата. Основна цел на ова истражување е да се потенцира важноста на соодветна стратегија за внатешните единици, нивното влијание и зависност во однос на здравствена установа како целина, за да понудат квалитетни здравствени услуги на пациентите. Дел од целите на истражувањето е потребата од мерање на ефикасноста на работата на одделните внатрешни единици на болницата, како насока од понудените стратегии. Односно, вклучување на детални информации и аспекти, од инпутот на една внатрешна едининица, преку аутпутот на друга внатрешна единица, до согледување на ефикасноста на целата здравствена установа и факторите кои влијаат врз истата. Поточно, потенцираме колку првичните влезови на пациентите остануваат да ги користат услугите од истата болница и по завршувањето на третманот на ИВФ-одделот, преку амбулантските и хоспиталните услуги на една пациентка, анализирани во секоја година и споредено помеѓу петте години. Исто така, потребно е да се истакне значењето на анализата и мерењето на ефикасноста на конкретен оддел или цела болница, со цел менаџментот да има постојан увид за реалната слика за ефикасноста на здравсвената установа. Клучни зборови: стратегија, имплементација, пациенти, ефикасност,

Degree

thesis:*
Level dc:type.qualificationlevel
masters
Grantor dc:publisher.institution
Goce Delcev University Stip
Year dc:date.issued
2016

Author and committee

dc:creator, dc:contributor.*
Author dc:creator
  • Iljoska, Srebra

Subjects

dc:subject × 1

Rights

Language dc:language
en

Identifiers

dc:identifier.*
Repository record dc:identifier.uri
https://eprints.ugd.edu.mk/16681/

Chain of custody

source
Harvested from
University of Goce Delcev
Base URL
eprints.ugd.edu.mk/cgi/oai2
Last updated
2026-11-26
Source record
OAI-PMH GetRecord
citation

Iljoska, Srebra. Креирање и имплементирање на менаџмент-стратегија во здравствена установа со фокус на влијанието на одделот ИВФ (ин витро фертилизација) во ПЗУ Ре-Медика. masters thesis, Goce Delcev University Stip, 2016. https://eprints.ugd.edu.mk/16681/