Back to search

University of Goce Delcev

Вредностите и принципите на евроинтеграцијата и проширувањето на Европската унија

Abstract

dc:description.abstract

Европската унија претставува единствена интеграција на суверени европски земји, кои решиле да делат заедничка иднина и да здружуваат дел од својот национален суверенитет. Земјите, членки на ЕУ, дел од своите овластувања за донесување на одлуки, им го делегираат на европските институции што ги имаат создадено, за да можат да ги донесуваат одлуките за специфични работи од заеднички интерес по на ниво на Европа. Трудот ќе ја оствари замислата за еден академски, посветен и темелен пристап кон основната тема и кон реализирање на целта за претставување на евроинтеграцијата како процес и проширувањето како дополнителна компонента со која се содздаваат сите вредности почитувајќи ги принципите на двата процеса. Европската унија претставува суштински дел од политичкиот живот на Европа. Нејзините задачи, обврски и надлежности опфаќаат се поголем спектар на политички, економски и социјални теми. Имено, европската интеграција заслужува најголемо внимание како успешен проект и процес за мирно регулирање на конфликти и остварување на одржлив мир. Терминот, одржлив мир ја истакнува позицијата на ЕУ во однос на целите, наместо на симптомите на конфликтите и насилството. Одржливиот мир се дефинира како истовремено инволвирање на краткорочното решавање на проблемите и долгорочните структурални решенија за превенција од конфликтите, преку интеграција на безбедносните потреби на човекот и промоцијата на доброто глобално владеење. Целта на овој труд во содржинска и компактна форма е да се презентира идејата за формирањето на Европската унија и начинот на функционирањето и одржливоста во сите сфери на општественото живеење и дејствување, да се создаде заедничко европско семејство на наднационална основа и покрај многуте различности. 4 Анализата на трудот ги потенцира основните вредности на евроинтеграцијата и проширувањето како исклучително значајни процеси кои се случуваат повеќе од шест децении и ја дефинираат формата и функцијата на Унијата. Во оваа смисла, една од поентите е да се елаборира и истражува Унијата преку историската димензија со сите попатни обележја и карактеристики. Идејата е да се дефинира Унијата со нејзината суштинска компонента во процесот на севкупното демократско одлучување на институциите и е израз на остварување на правото. Правниот поредок создаден од ЕУ, веќе стана востановена компонента на нашиот политички живот и на општеството. Секоја година, врз основа на спогодбите на Унијата, се донесуваат илјадници одлуки со клучно влијание врз земјите-членки на ЕУ и врз животот на нивните граѓани. Одамна луѓето не се само граѓани на својата земја, град или регион, тие се и граѓани на Унијата. Дури и да е само оваа причина, од клучна важност е тие да се запознаени со правниот поредок што се одразува врз нивното секојдневие.1

Degree

thesis:*
Level dc:type.qualificationlevel
masters
Grantor dc:publisher.institution
University of Goce Delcev
Year dc:date.issued
2017

Author and committee

dc:creator, dc:contributor.*
Author dc:creator
  • Krsteska, Anita

Subjects

dc:subject × 1

Rights

Language dc:language
en

Identifiers

dc:identifier.*
Repository record dc:identifier.uri
https://eprints.ugd.edu.mk/18087/

Chain of custody

source
Harvested from
University of Goce Delcev
Base URL
eprints.ugd.edu.mk/cgi/oai2
Last updated
2026-11-26
Source record
OAI-PMH GetRecord
related terms
citation

Krsteska, Anita. Вредностите и принципите на евроинтеграцијата и проширувањето на Европската унија. masters thesis, University of Goce Delcev, 2017. https://eprints.ugd.edu.mk/18087/